
Бизнисот пред клубот, Де Лаурентис нема да оди на мечот меѓу Наполи и Милан!
Утре Наполи го игра еден од најважните натпревари оваа сезона, мора да анулираат негатива од 1-0 за да го поминат Милан и да се пласираат во полуфиналето од Лигата на шампионите.
Мечот ќе се игра без присуство на првиот човек на Наполи, Аурелио Де Лаурентис.
Претседателот на Наполи ќе биде во САД на бизнис состанок. Тој таму ќе престојува до крајот на месецот и нема да се врати само за натпреварот.
