Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Битолска млекара финансиски ќе го поддржува СОС Детско село
Македонија

Битолска млекара финансиски ќе го поддржува СОС Детско село

10/04/2023

AA

Битолска млекара, покрај донирање на свои прозиводи на СОС Детско село, почнува и финансиски да ги поддржува згрижувачките семејства на месечно ниво.

-„Бимилк“ и СОС Детско село ја продолжуваат соработката преку стратешко партнерство. Оваа соработка и „Бимилк“ како донатор значајно ќе ја помогне континуираната работа на организацијата и поддршка за оние на кои им е најпотребно – децата и младите без родителска грижа, истакнуваат од „Бимилк“.

Оттаму посочуваат дека, како дел од својата политика за Општествена одговорност, тие се долгогодишни поддржувачи на СОС Детско село преку донации од асортиманот на нивните производи.

– Создавањето на ова стратешко партнерство е следниот чекор по долгогодишната соработка што ја имаме со СОС Детско село и претставува вистински придонес за една исклучително благородна мисија – овозможување генерации деца да растат во топол дом. Со станувањето дел од оваа мисија „Бимилк“ ја унапредува и развива својата општествена одговорност што преминува во долгорочна цел за децата од оваа организација со која овозможуваме што повеќе генерации да растат со нашите производи, како што сите растеме заедно со производите на Битолска млекара, истакна Полексена Јанкуловска, регионален маркетинг-менаџер во „Бимилк“.

За СОС Детско село стекнувањето на стратешки партнер и продлабочување на соработката со Битолска млекара е посебно корисно и потребно во период кога се зголемуваат капацитетите на организацијата и потребата од згрижувачки семејства.

-Со зголемување на бројот на згрижувачките семејства поддржани од СОС Детско село во 2023 година, пријателството со „Бимилк“ е чекор што ќе ја осигури нашата работа и мисија. Горди сме и благодарни на оваа транзиција со „Бимилк“, од пријатели кон стратешки партнери каде што заедно ќе ја остваруваме мисијата, велат од СОС Детско село.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy