
Битолчанецот Дарко Талевски 20 часа и 11 минути пиеше едно кафе и победи на првиот „Филџан маратон“
По неверојатни 20 часа и 11 минути поминати на маса со полн филџан во рака, Дарко Талевски од Битола ја испи последната голтка и влезе во историјата како победник на првиот Филџан Маратон во светот!
Со истенчена концентрација, цврста волја и љубов кон кафето, Дарко докажа дека не е важно само да пиеш кафе – туку и како и колку долго можеш да го правиш тоа.
Огромна благодарност до сите учесници и до вас што не следевте и навивавте, се вели на Фејсбук профилот на Бабам Битола.