
Битолчанецот д-р Синиша Трпчевски е првиот Македонец кој го помина испитот на Европската асоцијација за гинеколошка онкологија
Од Европската асоцијација за гинеколошка онкологија, пристигнаа прекрасни вести за наш сограѓанин.
Се работи за д-р Синиша Трпчевски, кој е првиот Македонец, кој го помина испитот на Европската асоцијација за гинеколошка онкологија и се стекна со престижен сертификат.
Му го честитаме големиот успех и со овој пример уште еднаш потврдуваме дека нашите доктори ги применуваат најновите светски стандарди во работењето.
