Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Битола по 24 пат домаќин на фестивалот кој ја слави монодрамата како театарска форма
Македонија

Битола по 24 пат домаќин на фестивалот кој ја слави монодрамата како театарска форма

10/05/2023

AA

На вчерашниот прес, најавени се блескави изведби на актери од 11 земји, со вкупно 13 монодрами кои имаат исклучително комплицирана задача, преку само еден актер на сцена да го прикажат комплексниот театарски приказ.

Ова е еден од најзначајните фестивали кои ги има Битола, а неговиот меѓународен карактер ветува дека скоро четврт век има за цел да го слави моноспектаклот на театарските таленти од целиот свет.

Прес-конференцијата се одржа на локацијата каде што ќе се одвива ОФФ програмата- во Јагода на Широк Сокак, а започна со топло добредојде од директорката на Центарот за култура Маја Андоновска Илијевски, која ја истакна континуираната посветеност на оваа национална установа за презентација на најдоброто во оваа театарска форма.

„Носиме импресивна низа на нови, но и етаблирани актери од многу земји: Естонија, Монголија, Италија, Шпанија, Црна Гора, Косово, Израел, Србија, Хрватска, Литванија и се разбира наши домашни македонски актери. Ова е и единствениот фестивал на монодрама во нашата земја, а и еден од ретките на Балканот„-истакна таа.

Покрај возбудливите изведби, публиката на фестивалот ја очекуваат и работилници за пантомима, како и богата офф програма која ќе го направи градот жив надвор од театарските сцени, нешто по што е позната оваа установа од култура кога станува збор за настаните кои ги организира.

„Секоја година расте фестивалот во квалитет и квантитет. Годинава имаше најмногу апликации споредено со минатите години, а необично е што најголемиот број на апликации дојдоа од Израел. Во едно вакво време кога сме нападнати од не знам какви се̍ не кризи, да се организира ваков фестивал кој трае девет денови со 13 претстави во официјална конкуренција и 2 претстави во чест на гостите на свеченото отворање и затварање, да се угостат актери од 11 земји, за мене е рамно на подвиг“, рече познатиот актер и селектор на фестивалот, Пепи Мирчевски.

Љупка Коларова- Пајевиќ која 24 години е столб на фестивалот, најави дека новина од годинава е конкурсот за македонски монодрами кој ќе се распише за време на одржувањето на фестивалот.

„По пауза од повеќе од 15 години го обновуваме конкурсот за монодрамски текст. Една од основните причини зошто беше основан овој Фестивал пред многу години, беше токму да се прошири идејата за монодрама како кај актерите да играат во монодрами, така и кај драматурзите, да ја пишуваат. Се радувам што се враќаме на оваа некогашна иницијатива, а в година очекуваме да се изберат прва, втора и трета награда , да се откупат текстовите и да се издадат во книга која ќе биде промовирана на идното јубилејно 25. издание на фестивалот“, рече Коларова-Пајевиќ.

На крајот на прес конференцијата, директорката изрази благодарност до Министерството за култура и Општина Битола за поддршката, на Народниот театар од Битола, на Шпанската амбасада во Скопје како и до безбројните креативци вклучени во подготовките, на волонтерите и спонзорите кои придонесуваат за континуираниот успех на фестивалот. Сцените се подготвени да ги дочекаат актерите кои ја слават монодрамата и ќе се потрудат да остават траен впечаток кај верната публика, која за овој фестивал со огромен интерес го полни гледалиштето.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy