
Битиќи: Зголемена квотата за работни дозволи за странци на последната владина седница
„Со цел олеснување на пристапот на домашните и странските компании во земјава до квалификувана работна сила која ќе може веднаш да се вклучи во производството, Владата на претходната седница донесе одлука за зголемување на квотата на работни дозволи за странци од 5.000 на 7.000 дозволи“, рекол Битиќи пред претставниците на германските компании.
Либерализацијата на пазарот на работна сила била една од темите за која станало збор на работниот состанок со претставниците на дел од германските компании кои имаат инвестирано во земјава, вицепремиерот рекол дека ваквата одлука е донесена и на барање на домашните компании.
