Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 БИТИЌИ- „ВО НАЈАВА Е ФРАНКЕШТАЈН ЕКОНОМИЈА“: „Ребалансот ќе ја претвори економијата во чудовиште“
Економија

БИТИЌИ- „ВО НАЈАВА Е ФРАНКЕШТАЈН ЕКОНОМИЈА“: „Ребалансот ќе ја претвори економијата во чудовиште“

25/07/2024

AA

Наместо фискална консолидација, имаме тотална фискална деструкција. Со нарушување на буџетското правило за дефицитот и неговото зголемување од 3,4% на 4,9% од БДП и зголемувањето на јавниот долг од 58% на 68%, во најава е „Франкенштајн економија“, во која различни и често контрадикторни економски политики преку ребалансот се соединуваат во една нефункционална и разорна целина, рече пратеникот од СДСМ, Фатмир Битиќи на денешната седница на Комисијата за финансирање и буџет, на кој се расправаше за Предлогот за изменување и дополнување на Буџетот на Република Северна Македонија за 2024 година.

Битиќи рече дека со ребалансот економијата ќе биде претворена во чудовиште составено од разнородни и неприродно споени политики, притоа изнесувајќи оценка дека наместо да се гради економија која обезбедува можности за сите, ќе гледаме заробен систем кој функционира само за привилегираните – и тоа со привилегии стекнати во четири очи.

„ Овие основни економски индикатори укажуваат на отсуство на  намера и способност земјата да се насочува кон стабилност и просперитет. Ребалансот за кој денес расправаме е првиот економски тест за новата Влада, на кој, со усвојувањето, таа ќе падне, затоа што не се препознава системски и холистички пристап во прекројувањето на буџетот, на повидок е економска динамика која ќе нѐ турка кон амбисот. Не се препознава почитување на основните макроекономски правила и принципи“ рече Битиќи.

Во своето обраќање Битиќи предупреди дека ќе се отворат процеси кои сериозно ќе ја оттргнат економијата од стабилност и одржливост, кон што претходно беше насочена и тоа во услови на најголеми економски и енергетски потешкотии.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

04/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

04/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy