
Битиќи во Франкфурт: Потпишавме договор за нова германска инвестиција од 65 милиони евра, ќе обезбеди над 750 вработувања
Со потпишувањето на договорот со „БМЗ“, портфолиото на странски инвестиции во нашата држава го збогатуваме и зголемуваме со нова инвестиција во фабрика за производство на батерии која ќе отвори 755 нови работни места, изјави заменикот на претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи. […]
