Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 БИТИЌИ: ВЛАДАТА МОЖЕ ДА ГИ ЗАМРЗНЕ ЦЕНИТЕ НА СЕ ШТО СПАЃА ВО ОСНОВНИ ПРОДУКТИ, укинавме царински давачки за тестенините
Економија

БИТИЌИ: ВЛАДАТА МОЖЕ ДА ГИ ЗАМРЗНЕ ЦЕНИТЕ НА СЕ ШТО СПАЃА ВО ОСНОВНИ ПРОДУКТИ, укинавме царински давачки за тестенините

09/03/2023

AA

Владините мерки за замрзнување на цените на храната ќе продолжат и во следниот период, „сѐ додека не се постигне финалната цел“, најави вчера вицепремиерот Фатмир Битиќи во гостување на ТВ „21“.

Тој додаде дека Владата може да се одлучи за замрзнување на цените на „сѐ што спаѓа во основните прехранбени производи“.

– Вчера донесовме одлука во Влада која дополнително ќе помогне, ги укинавме царинските давачки за тестенините и на прооизводите кои влегуваат во палетата основни прехрамбени производи, што ќе придонесе за намалување на цените – рече вицепремиерот Битиќи кој објасни дека сè што беше подржано со мерките за помош на државата преку субвенционирање на електрична енергија за основните прехрамбени производи, што беше барање на производителите, би требале да имаат пониски цени.

– Се додека имаме неморално и неетичко однесување на пазарот од било кој субјект, тоа нема да го толерираме бидејќи граѓанинот мора да се заштити”, рече Битиќи.

Вицепремиерот кажа дека Владата со производителите имaше џентлменски договор за давање помош, како за време на Ковид така и подоцна но некој тоа го злоупотреби, и затоа замрзнувањето на цената на лебот е одговор на злоупотребата од страна на економските оператори, и така ќе се постапува и со млекото и со млечните производи кои имаат вештачки зголемени цени.

За потсетување минатата недела, Владата одлучи да ја замрзне цената на белиот и полубелиот на 33 денари до крајот на мај, а министерот за економија Крешник Бектеши најави дека ќе се замрзнуваат и цените на некои млечни производи, за што анализите ќе бидат готови до крајот на неделава.

Дел од млекарниците на ова одговорија со намалување на цените, пред сѐ поизвесната владина одлука со која ќе мораат да ги намалат.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy