Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Битиќи: Се уште немаме сопственост во терминалот Апелксандруполи поради Бугарија
Економија

Битиќи: Се уште немаме сопственост во терминалот Апелксандруполи поради Бугарија

11/03/2023

AA

Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи во емисијата Стадион на Канал 77 рече дека Македонија се уште нема сопствеништво во гасниот терминал Александруполи затоа што во Бугарија како кососпственик не може две години да се состави влада.

Вицепремиерот во емисијата рече дека за Македонија да добие 10 отсто сопственост во овој стратешки проект и да издвои 30 милиони евра треба прво Бугарија да даде согласност а за тоа се чека година и пол дена.

– Ние тогаш побаравме 10 отсто на сопственост, месециве ќе се финализираат целосно. Една од пречките за нефинализирање на договорот за 10 отсто е затоа што во Бугарија скоро две години немаме влада, а Бугарија е таму сопственик со одредени проценти. Треба да дадат согласност петте пари дека ние влегуваме со 10 отсто

Тој рече дека уделот од 30 милиони евра што ќе го вложи Македонија по некое време ќе ја зголеми десеткратно својата вредност. Според Битиќи, терминалот треба да биде изграден во 2024.

Во мај минатата година балканските лидери и првиот човек на Европскиот совет, Шарл Мишел, во Грција го одбележаа почетокот на регионалниот енергетски проект„Александроуполи“  со што се отвора можност за енергетска независност.

Изградбата на гасниот терминал во Александруполи е историски настан за регионот во областа на енергетиката. Станува збор за проект за долгорочна енергетска независност за стабилно и постојано снабдување со течен гас во едно исклучително кризно време. 

Република Северна Македонија во 2021 се приклучи кон проектот за изградба на терминал за течен природен гас на 17 километри од Александруполи за складирање и гасификација на течниот природен гас, со капацитет од над 5,5 милијарди кубни метри.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy