Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Битиќи: Се додека мислиме дека може и без фискална сметка, сите придонесуваме за сивата економија
Македонија

Битиќи: Се додека мислиме дека може и без фискална сметка, сите придонесуваме за сивата економија

08/07/2023

AA

Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи смета дека сите чинители во општеството треба да придонесат за намалување и сузбивање на сивата економија. Според него, се додека мислиме – може и без фискална сметка, сите придонесуваме за оваа „рак рана“, со која, како што вели, се соочуваме 32 години.

Негова оценка е дека со одредени чекори што се направени состојбите се подобруваат, но се уште сме далеку од тоа што би требало да се стори.

-Не само Стопанската комора, туку и Владата наназад кажува дека сивата економија е „рак“ на нашето општество наназад 32 години. Сузбивањето на сивата економија не е чекор што може да го направи само една страна, туку сите чинители во општеството, вклучувајќи ги стопанските комори, бизнисмените, граѓаните, но и тие што ги носат одлуките. Ние ќе ги направиме сите потребни активности и ги правиме за сузбивање на сивата економија од аспект на тоа што можеме. Со одредени чекори што се направени состојбите се подобруваат, но далеку сме од тоа што би требало да го направиме. Само ќе потсетам со Програмата „Мој ДДВ“ во која имаме над 550 000 корисници, во суштина, беше промовирање на еден начин на сузбивање на сивата економија преку мотивирање на луѓето да ги скенираат фискалните сметки или да купуват таму каде што се издаваат фискални сметки. Но, се додека нашето однесување е дека може и без фискална сметка, ние сите заеднички придонесуваме кон сивата економија и затоа велам – да, еве го предлогот на Стопанска комора, секогаш е прифатлив, треба да седнеме реално да видиме колку навистина сме подготвени да се бориме со сивата економија, не само како централна власт или локална власт, туку како општество, подвлече Битиќи, одговорајќи на новинарско прашање по увидот на мостот на реката Драгор во Битола.

Во врска со Здружението на комунални претпријатија АТКОМ и барањето да им се простат долговите на овие фирми, Битиќи истакна дека проблемот треба да го решат општините. Сепак, додаде, централната власт е тука соодветно да одговори доколку се доведат во прашање јавните услуги за граѓаните.

– Јавните претпријатија – членки на АТКОМ се под надлежност на единиците на локалната самоуправа. Ние веќе долги години наназад сме влезени длабоко во фазата на децентрализација во која надлежностите на локалната самоуправа не може да ги преземе централната власт. Секако, во време на КОВИД помагавме на јавните комунални претпријатија. Сметам дека овде треба да се одважат сите единици на локална самоуправа за да го решат проблемот на функционирање на јавното комунално претпријатие, а ако кажат дека таа надлежност не можат да ја испорачаат, централната власт е овде соодветно да одговори како што одговоривме во низа на случаи низ државата кога беа доведени прашањата на јавните услуги за граѓаните, рече вицепремиерот.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy