Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Битиќи: Природно е трендот на покачување на минималната плата да биде проследен со соодветно зголемување и на останатите плати
Македонија

Битиќи: Природно е трендот на покачување на минималната плата да биде проследен со соодветно зголемување и на останатите плати

19/03/2023

AA

Природно е трендот на покачување на минималната плата да биде проследен со соодветно зголемување и на останатите плати, а нема апсолутно никаков простор за загриженост дека ваквото зголемување на минималната плата ќе ја забрза инфлаторната спирала, изјави заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи.

Битиќи во интервју за 24 Инфо за тоа дали ќе следува покачување на останатите плати во јавниот и приватниот сектор, вели дека вработените во јавниот сектор веќе добија покачување на платите според колективните договори за секоја гранка одделно.

-Со ова покачување на минималната плата ќе се зголемат платите на административците кои имаат засновано работен однос според Законот за административни службеници (ЗАС), додека сите останати кои се под државна капа имаат свои гранкови синдикати кои имаат склучено колективни договори и нивните плати и надоместоци се дефинирани во овие колективни договори, рече Битиќи..

Во врска со приватниот сектор негови очекувања се дека и природно е овој тренд на покачување на минималната плата да биде проследен со соодветно зголемување и на останатите плати, кое секако дека треба да биде проследено со соодветно зголемување на продуктивноста, ефективноста и ефикасноста во работењето на секој наш работник, како во јавниот така и во приватниот сектор.

Вицепремиерот задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, во интервјуто потенцира дека нема апсолутно никаков простор за загриженост дека ваквото зголемување на минималната плата ќе ја забрза инфлаторната спирала.

– Водејќи се според основните економски законитости, ние живеевме и се уште живееме во период на повисоки цени на енергенси и основни прехранбени продукти исклучиво заради нивното намалено производство, а не заради зголемената куповна моќ на домаќинствата. Дополнително енергенсите како и основните прехранбени продукти ги користиме ограничено, односно многу тешко е во пракса да се случи зголемување на нивните цени заради енормно зголемената побарувачка.
Краткорочните предвидувања за до крајот на оваа година, како од страна на меѓународата организација за храна и земјоделие (FAO) поврзано со цените на храната, така и на интернационалната агенција за енергија (IEA) поврзани со цените на енергенсите се дека ќе има нивно понатамошно намалување, но секако со послаба динамика. Овие предвидувања охрабруваат и ни даваат надеж дека нивниот ефект ќе се прелие и врз нашата економија која знаеме дека е скоро 100% увозно зависна од енергенси, и која произведува околу ½ од вкупните потреби за храна, вели Битиќи.

Вицепремиерот потенцира дека 2022 година, според официјалните бројки на Народна Банка сме ја завршиле со историски рекорден износ на странски директни инвестиции во земјата во износ од 753,8 милиони евра. Според него, нашата економија нема потреба само од ИТ инженери и работници кои се потребни на ИКТ индустријата, туку има една подолга низа на високо квалификувани профили за кои понудата на работна сила кај нас е многу ограничена или воопшто ја нема.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

НАМЕСТО ДА ОБЈАСНИ ЗОШТО БИЛ КАЈ ЗАЕВ, ФИЛИПЧЕ ЗБОРУВАШЕ ДЕКА

13/02/2026
Македонија

ЗОШТО ДОЗВОЛИЛЕ ОДГЛЕДУВАЊЕ КАНАБИС НА ОТВОРЕНО? Филипче жестоко го брани

13/02/2026
Македонија

СО ТРЕНДАФИЛОВ НИ Е ЗАЕДНИЧКО САМО ТОА ШТО НÈ ПРАТАТ

12/02/2026
Македонија

НÈ ЧЕКА ВРНЕЖЛИВ ВИКЕНД И ЗАЛАДУВАЊЕ Продолжува променливото време

12/02/2026
Македонија

Касами: Сè додека Беса учествува во Владата како дел од

12/02/2026
Македонија

БЕСА ГО ОТВОРИ ПАТОТ ЗА СПОЈУВАЊЕ ВО ПАРТИЈА „ВРЕДИ“ Движењето

12/02/2026
Македонија

Година на странски туристи: Туризмот во Македонија со раст од

12/02/2026
Македонија

Дефект на водовод блокираше пат: Свлечиште го отсече селото Татар

12/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41397
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

НАМЕСТО ДА ОБЈАСНИ ЗОШТО БИЛ КАЈ ЗАЕВ, ФИЛИПЧЕ ЗБОРУВАШЕ ДЕКА ГО СЛЕДЕЛЕ Петрушевски има 3

13/02/2026

Наместо да објасни зошто по скандалот со запленетата марихуана заминал во Грција на „консултации” кај неговиот ментор Заев, лидерот на

ЗОШТО ДОЗВОЛИЛЕ ОДГЛЕДУВАЊЕ КАНАБИС НА ОТВОРЕНО? Филипче жестоко го брани менторот, обвинува ВМРО-ДПМНЕ

13/02/2026

Лидерот на СДСМ Венко Филипче да каже зошто со неговиот претходник Зоран Заев дозволиле одгледување на канабис на отворено спротивно

СО ТРЕНДАФИЛОВ НИ Е ЗАЕДНИЧКО САМО ТОА ШТО НÈ ПРАТАТ СЛУЖБИТЕ Филипче има идеја како

12/02/2026

  Лидерот на СДСМ Венко Филипче во интервју за Канал 5 вели дека нема комуникација ниту координација со претседателот на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy