Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Битиќи: Поголем дел од антикризните мерки ќе отидат кај пензионерите
Македонија

Битиќи: Поголем дел од антикризните мерки ќе отидат кај пензионерите

01/11/2023

AA

Сметам дека на најранливите категории на граѓани треба да им се помогне, гарантираните цени исто така ќе треба да помогнат, како и напорите за зголемување на платите. Јас секако зборувам дека во државата конечно треба да се напушти концептот на евтиното продавање на работната сила и да зборуваме за достоинствени плати за работното место каде што секој еден работи, истакна потпретседателот на СДСМ Фатмир Битиќи за емисијата Македонија наутро, на националниот сервис (МТВ).

Битиќи нагласи дека да не беа кризите многу побрзо ќе се постигнеше тој ефект.

Далеку сме подобри од тоа што бевме пред 4 години, но имаме уште да направиме за да стигнеме навистина нашите граѓани да добиваат достоинтвени плати, независно дали се во јавниот сектор или приватниот сектор, истакна Битиќи.

Битиќи рече дека ќе бидат креирани мерки да помогнат на потребите на граѓаните, и со буџетот за следната година, а продолжува и субвенционирањето на струјата, за најранливите да немаат удар со зголемување на цената на електричната енергија.

Вистински е потребата една категорија на граѓани која секако ќе биде опфатена а тоа се пензионерите. Затоа што навистина сметам дека реформите кои навистина ги запонавме кај пензискиот фонд и пензионерите со нова методологија за усогласување на пензиите дава ефект, но никој не предвидуваше дека ке имаме економска криза и секако дека најранливите, тоа се пензионерите ке бидат повеќе погодени и затоа сметам дека поголем дел од мерките треба да отидат кај пензионерите како целна група, но и другите млади итн, нагласи Битиќи додавајќи дека мерките мора да имаат сегмент на солидарност и да бидат правични.

Битиќи истакна дека во тој контекст е и данокот за солидарност, кој се однесува на 150 компании, од кои 70 отсто досега го платитле.

Кажавме дека овие средства кои ќе ги собереме ќе ги користиме за анти-кризни мерки за граѓаните затоа што сметаме дека тие кои што во изминатата година која што беше навистина тешка кризна и од енергетски аспект и од економски аспект дека треба да вратат назад да покажат одредена општествена одговорност, нагласи Битиќи, додавајќи дека данокот за солидарност не е казна, затоа што тогаш ќе се постави прашањето дали тие кои креирале таков профит минатата година не ги казниле граѓаните.

Потпретседателот на СДСМ Фатмир Битиќи нагласи дека според меѓународните финансиски институции кај нас започнува период на закрепнување.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy