Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Битиќи: Поедноставно преминување граница, минимизирање на времето со помал број документи
Економија

Битиќи: Поедноставно преминување граница, минимизирање на времето со помал број документи

09/03/2023

AA

Забрзувањето на преку-граничното движење на стоките е исклучително важно за да ја постигнеме нашата цел, олеснување на секојдневниот живот на нашите компании и на нашите граѓани. Преку целосна имплементација на оваа компонента, ние ќе можеме да ја поедноставиме постапката за преминување на границата, минимизирајќи го времето поминато на чекање на границите и значително ќе го намалиме бројот на документи потребни за обработка и администрирање на царинските услуги. 

Ова го истакна Претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи на неговото обраќање на конференцијата „Преку дигитализација кон нова генерација на регионална соработка“.

Битиќи укажа дека „Проект за олеснување на трговијата и транспортот во Западен Балкан“ е составен од три компоненти и е координиран од неговиот кабинет, при што рече дека истиот ќе овозможи подобрување на квалитетот и на ефективноста во обезбедувањето на услугите на своите соработници.

Вицепремиерот додаде дека втората компонента од проектот дополнително ќе ја подобри ефикасноста и предвидливоста на транспортот, бидејќи ќе овозможи да се изгради и инсталира најсеопфатен „Интелигентен транспортен систем“ на најчесто користениот автопат во нашата земја, Коридорот 10.

– Ова е усогласено во потполност со нашата Национална стратегија за Интелигентни транспортни системи усвоена во 2022 година, и ќе биде целосно контролирано од Националниот центар за контрола на сообраќајот со седиште во Петровец – рече Битиќи.

Вицепремиерот објасни дека преку имплементација на третата компонента на проектот, Владата очекува да се постигне зголемен пристап до услугите, но и зајакнување на регионалните инвестиции, преку имплементација на сите неопходни ЦЕФТА протоколи преку усогласување со сите регионални иницијативи и регулативи.

 – Со ова, нашите компании и нашите граѓани ќе  бидат третирани подеднакво со тие од целиот наш регион. Нашата земја има направено голем исчекор напред во создавањето поконкурентна деловна средина. Нашата влада во почетокот на 2022 година заедно со дополнителното усогласување со царинскиот тарифник на ЕУ, ги намали, а во некои случаи целосно ги отстрани царинските тарифи за 258 тарифни ознаки – дополни Битиќи.

На крајот на своето обраќање, вицепремиерот се осврна на последниот извештај на Европската Комисија за нашите царински органи, каде што Македонија е оценета со добро ниво на подготовка, со постојан напредок речиси секоја година во делот на консолидација, примена и надградба на ИТ системот.

– Беше нотирано дека нашата царинска управа дополнително го промовираше концептот на овластени економски оператори (ОЕО), а посебно се потенцираше имплементацијата на целосна бесхартиена процедура при обработка на царинските декларации и акцизни документи – истакна Битиќи.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy