Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Битиќи на „Копаоник бизнис форум“: Преку регионална соработка до зголемена конкурентност на домашните економии
Македонија

Битиќи на „Копаоник бизнис форум“: Преку регионална соработка до зголемена конкурентност на домашните економии

04/03/2024

AA

Заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи денеска учествуваше на „Копаоник бизнис форум“, кој се одржува во Србија, а каде беше дел од панел дискусијата на тема „Западен Балкан: Регионална економска соработка“.

Тој истакна дека меѓусебната соработка и создавањето на силна економска меѓузависност, наместо зависност, во регионот е патот кој целиот Западен Балкан ќе го води кон просперитет, раст, развој и отпорност на економијата, притоа посочувајќи дека на овој начин ќе се олесни и вклучувањето во единствениот европски пазар.

„Регионална конкурентност, наспроти регионална конкуренција е нашиот избор. Регионалните иницијативи треба да ги прифаќаме како можност за олеснување на соработката помеѓу земјите од Западен Балкан и зголемување на конкурентноста на нашите економии“, рече вицепремиерот Битиќи.

Вицепремиерот Битиќи во панел дискусијата зборувајќи за предизвиците кои ги наметнува геополитичкиот контекст се осврна и на потребата од „near shoring“ кај компаниите што се соочуваат со прекин во синџирот на снабдување.

„Особено во овој пост-кризен период, near-shoring-от, е јасна и научена лекција која земјите од Западен Балкан треба брзо треба да ја применат и да ја искористиме нашата близината до европските центри, да прераснеме во економски простор во кој ќе се реализираат нови инвестиции, кои ќе донесат додадена вредност“, рече вицепремиерот Битиќи.

Тој се осврна и на економските политики на Владата на Република Северна Македонија за зајакнување на конкурентноста на економијата, пришто зборуваше за Законот за финансиска поддршка на инвестициите.

„Подеднакво ги третираме домашните и странските компании, активно им помагаме да бидат повеќе конкурентни, да изградат капацитети да ги задоволат високите стандарди во различни индустрии. Имаме значајни бројки, само преку овој закон со околу 100 милиони евра поддржавме 919 компании, кои во нашата економија инвестираа околу 500 милиони евра. На овој начин создаваме домашно конкурентна економија и креираме додадена вредност“, рече вицепремиерот Битиќи.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy