Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Битиќи: Грижата за секое дете е  врвен приоритет на Владата!
Македонија

Битиќи: Грижата за секое дете е врвен приоритет на Владата!

20/11/2023

AA

Заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, во пресрет на Меѓународниот ден на детето 20 Ноември, заедно со министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска и заменик на Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Иван Митровски, учествуваше на официјалното отворање на Доградба на објект „Кокиче “ во состав на ЈОУДГ „Весели цветови “ во Општина Кисела Вода.

Во неговата изјава за медиумите, вицепремиерот Битиќи рече дека е среќен од можноста на Светскиот ден на детето, точно да кажеме што Владата има направено за нашите најмали.

„Грижата за секое дете е врвен приоритет на Владата. Секое дете заслужува еднаква основа и услови за развој, а пристапот до квалитетно образование од најрана возраст не е привилегија, туку право на секое дете. Според УНИЦЕФ, образованието не започнува во прво одделение, развојот на „некогнитивните вештини“, како, интелектуална љубопитност, истрајност, социјални вештини и емотивна стабилност во детството и адолесцентските години се подеднакво важни за успехот на децата во доживотното учење, социјалната интеграција, личниот развој и подоцна, при вработувањето“, изјави Битиќи.

Вицепремиерот Битиќи посочи дека Владата продолжува да ги зголемува капацитетите на градинките во целата држава и да вложува во развојот на децата уште од најрана возраст, каде тие ќе бидат згрижени според најсоодветните стандарди за вршење на оваа дејност.

„Покрај доградбата на овој објект „Кокиче“, во кој Владата преку Министерството за труд и социјална политика инвестираше над 1 милион и 300 илјади денари за доградба на овој образовен објект со кој ќе се прошири капацитетот за уште 56 деца од Кисела Вода, од почетокот на мандатот на Владата во периодот од 2017-2023 година, отворени се вкупно 83 градинки или проширување на градинки низ целата држава, со кои е зголемен капацитетот на деца за околу 8.000 нови места“, изјави вицепремиерот Битиќи и додаде дека во моментов од 80 општини колку што има низ цела држава, во 75 од нив имаме отворени градинки, а со новата градинка која ќе се отвори во Арачиново, оваа бројка ќе биде 76.

„Градинките не се само градежен проект, туку инвестиција во потенцијалот на секое дете. Инвестираме во секое дете! Градиме едно општество за сите“, заклучи Битиќи.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy