Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 БИТИЌИ ДАДЕ СИЛНО ВЕТУВАЊЕ, ЌЕ МУ ГО ПАМЕТИМЕ – моите сограѓани од стартот на идната година ќе возат по Кичево-Охрид, нема одлагање во кафеани
Економија

БИТИЌИ ДАДЕ СИЛНО ВЕТУВАЊЕ, ЌЕ МУ ГО ПАМЕТИМЕ – моите сограѓани од стартот на идната година ќе возат по Кичево-Охрид, нема одлагање во кафеани

07/02/2023

AA

Сите инфраструктурни проекти за автопатот Кичево-Охрид се одглавени и на самиот почетокот на наредната година моите сограѓани ќе возат по автопатот Кичево-Охрид. 

Ова го изјави потпретседателот на Владата задолжен за економски прашања, Фатмир Битиќи при неговото гостување во ТВ 24, каде одговараше на разни прашања од економијата.

Вицепремиерот Битиќи ја информираше јавноста дека автопатот Кичево-Охрид имаше 130 инфраструктурни проекти неодобрени, што значи тоа дека секој метар од автопатот немал инфраструктурен проект и за илустрација рече дека тоа е исто како на граѓаните да им ветите изградба на канализација, ама секој метар од канализацијата да не е проектиран и да ги лажете дека ќе им направите 5 километри канализација. 

„Овде зборуваме за 50 километри во кои 130 инфраструктурни проекти воопшто не биле нацртани, проектирани, не биле одобрени, земјиштето не било трансформирано ниту експроприирано. 

Знаете што значи да направите 130 инфраструктурни проекти од кога проектот е започнат и за ова ни беа потребни 3,5 години и ова сега веќе е завршена работа. 

Ова никој не го зборува оти не можат административно да го гледаат, а ова беше условот за да го направиме анексот со завршени инфраструктурни проекти, завршени експропријации, завршена трансформација“, изјави вицепремиерот Битиќи. 

На прашањето кога нашите граѓани ќе можат да возат по автопатот Кичево-Охрид, Битиќи рече дека на 31.12 2023 година сите изведувачи имаат краен рок тоа да го направат и ако до тој датум не може да се вози по 95 од делницата, оти 5 отсто се пропратните патишта, некој ќе сноси сериозна одговорност во оваа земја и ова е системско решавање на работите.

 „Завршена е приказната на седнување по кафеани и договарање дали можат да добијат уште година дена. Не, 31.12.2023 е крајниот рок во кој моите сограѓани од Охрид ќе може да патуваат за Скопје по автопатот Кичево-Охрид“, изјави Битиќи.

Потпретседателот на Владата подвлече дека ова е рокот, но ако некој од изведувачите сака, може утре да се откаже и ќе биде заменет со некој друг изведувач бидејќи ова е начинот на кој ние мора да ги решаваме работите.

Битиќи информираше дека во меѓувреме почна да тече рокот за консултантот кој е избран за патниот правец Тетово-Гостивар, Гостивар-Букојчане, Требеништа-Струга и автопатското решение Прилеп-Битола. 

Тие имаат 21 ден да ги завршат консултациите за да го спремат конечниот проект со избраниот оператор „Бехтел и Енка“ и ако се е како треба напролет би требало да почнат, но дека и таму има многу јасен рок на изведба. 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy