Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Битиќи: Арбитражните постапки кои се водат против Македонија достигнуваат 1,3 милијарди евра
Економија

Битиќи: Арбитражните постапки кои се водат против Македонија достигнуваат 1,3 милијарди евра

25/08/2023

AA

Вредноста на арбитражните постапки кои се водат против Македонија периодов достигнуваат дури 1,3 милијарди евра. Ова го соопшти вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Бесими, кој дополни дека овие постапки се координирани од телото за арбитражни постпака.

Од вкупната вредност на постапките, најмалку 110 милиони евра побарува албанската групација „Амадеус“ за проектот „Шпански скали“, за кој се води и судска постапка. 

Побарувања има и италијанската ФЦЛ Амбиенте која Град Скопје во 2011 и 2012 ја избрал за свој партнер за инвестирање, управување и работење со депонијата Дрисла, за која во 2017 и 2018 година Управниот и Вишиот Управен Суд носи пресуди со кои Судот го поништува решението за избор на ФЦЛ Амбиенте за приватен партнер за управување со депонијата.

Во 2019 година со одлука на Град Скопје тендерот за приватен партнер на градот за депонијата Дрисла е поништен.

Ова се само два од неколкуте примери каде преку арбитражна постапка се бара оштета од Македонија.

Сето ова, според вицепремиерот Битиќи е поради неодговорното работење на кадрите на ВМРО-ДПМНЕ во изминатите години.

– Несовесното раководење, договорите во четири очи и негрижата за јавното добро и години по владеењето на ВМРО – ДПМНЕ ја изложуваат нашата држава на ризици и парите на нашите граѓани место да бидат употребени во развојни проекти ќе треба да се користат за одбрана на државата и нејзините интереси пред меѓународните судови – кажа Битиќи.

Истакна дека Владата преку Координативното тело за следење на арбитражни постапки, произлезени од меѓународни договор со кое тој лично претседава, ќе стори се за да го заштити интересот и меѓународниот углед на државата.

– Веднаш се преземени дејствија и навремено се започнати сите процеси со цел соодветна заштита на правните интереси на државата и секако јавните добра, затоа што евентуалното непреземање на правни дејствија би значело евентуално губење на ваквите спорови пред меѓународните судови, за што во минатото има такви пракси.

Токму за оваа цел во 2017та е формирано координативно тело за следење на арбитражни постапки, произлезени од меѓународни договор, со кое јас претседавам, а во него членуваат министрите за економија, финансии и правда, и државниот правобранител на Македонија – појасни Битиќи.

Задачата на ова тело е да обезбеди координативен пристап на прашањата поврзани со следење на активностите поврзани со решавање на спорови кои се водат или ќе се водат пред договорени меѓународни арбитражи. 

– Задачите на координативното тело не ја исклучуваат надлежноста на институциите кои се вклучени во постапките. Доброто правно застапување е важно за угледот на државата бидејќи добиениот спор пред меѓународните судови го потврдува владеењето на правото во нашата држава и дава позитивен сигнал пред инвеститорите. Арбитражните постапки кои се водат против државата, а се координирани од телото за арбитражни постапки во моментов се со проценета вредност од 1.365.000.000 евра. Сите постапки се за периодот пред 2017 година, кога се настанати наводните прекршувања на меѓународни договори за заштита на инвестиции – посочи Битиќи на денешната прес-конференција.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy