Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Бислимовски: Ме загрижува тоа што 15 отсто од струјата ЕВН Хоме ќе ја купува на слободниот пазар
Економија

Бислимовски: Ме загрижува тоа што 15 отсто од струјата ЕВН Хоме ќе ја купува на слободниот пазар

17/06/2024

AA

Марко Бислимовски, претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, на денешниот брифинг со новинарите рече дека и самиот е зачуден од владината одлука на седница ЕСМ од 1 јули на ЕВН Хоме да му продава поскапа струја за потребите на домаќинставата и малите потрошувачи за 60 евра, наместо досегашните 57 по мегаватчас. Но, како што рече тој, и од тоа ЕСМ да не ги покрива целосните потреби на ЕВН Хоме како универзален снабдувач, туку само 85 отсто.

– Ова цена од 60 евра што ЕСМ ќе му ја продава на универзалниот снабдувач може да се „исхендла“, но ме загрижува тоа што остатокот од 15 отсто од потребите на ЕВН Хоме ќе се купуваат на слободниот пазар. Од фјучерсите што ги гледаме за третиот и четвртиот час, таму цените се од 90 до 100 евра за мегаватчас, вели Бислимовски.

Првиот човек на РКЕ вели дека без потребната анализа не може да се каже точно колку ќе биде поскапувањето на електричната енергија на регулираниот пазар од 1 јули, но вели дека добро е тоа што во цената ќе се вкалкулира новата профитна маржа на ЕВН Хоме како универзален санбдувач од 11 на 9,9 отсто.

Бислимовски додаде дека нема да стане збор за ценовен шок и ги повика трговците и производителите да не прават злоупотреби со шпекулации.

– Сакам да ги демантирам највулгарните и најбезобразните шпекулации дека цената на лебот е поврзана со цената на електричната енергија. Произведувачите на леб ја купуваат струјата на слободниот пазар. Во моментов цените на електрична енергија на слободниот пазар е далеку пониска одколку што беше во 2023, 2022 и 2021, рече Бислимовски.

Тој додаде дека Македонија може да биде прва земја во Европа со три часа евтина тарифа во текот на денот, но дека за тоа се прават анализи и тоа би се спровело некаде околу крајот на годината.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy