Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 БИОЛОШКАТА ТЕРАПИЈА ЈА НАБАВУВАЛЕ НА РЕВЕРС, ПА ИЗГОТВУВАЛЕ ФАКТУРИ ПОСЛЕ ЈАВНАТА НАБАВКА Судење за предметот „Онкологија 2“
Македонија

БИОЛОШКАТА ТЕРАПИЈА ЈА НАБАВУВАЛЕ НА РЕВЕРС, ПА ИЗГОТВУВАЛЕ ФАКТУРИ ПОСЛЕ ЈАВНАТА НАБАВКА Судење за предметот „Онкологија 2“

17/02/2026

AA

Слабости и неусогласености со законските прописи утврдила ревизијата на Клиниката за Онкологија, изјави на денешното рочиште за случајот „Онкологија 2“ претставник од Државниот завод за ревизија, кој детално објасни како и зошто била извршена ревизијата на Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија (УКРО) за 2021 година.

Во процесот Онкологија 2 им се суди на поранешниот директор на Онкологија, Нино Васев и на поранешниот економски директор Нехад Нухи.

– Ревизија се изврши согласно редовната годишна програма од ДЗР за 2021 година, донесена по редовна постапка – изјави претставникот на ДЗР.

Тој нагласи дека извештајот се однесува на финансиските извештаи за таа година и дека во него се наведени неусогласености со законот и слабости во користењето на средствата.

Појасни дека ревизорската методологија бара секоја констатирана состојба спротивна на конкретна законска основа да биде наведена.

– Кога велиме слабости во нашиот ревизорски извештај тоа е ревизорска терминологија, меѓутоа самата состојба укажува на постапување кое е спротивно на одредена законска обврска – појасни тој.

Во делот за пописот на средствата, сведокот посочи дека ревизорите утврдиле недоследности.

– Со пописот не е утврдена состојбата и не се поблиску опишани дел од средствата со кои располага Клиниката, како градежни објекти, нематеријални средства, патнички автомобили и материјални средства во подготовка. Во дел од пописните листи не се наведени вредносни показатели и не е извршено вредносно усогласување на податоците од спроведениот физички попис со податоците од сметководствена евиденција. Во извештајот од спроведениот попис не е наведена состојбата од постојаните средства и состојбата на залиха на лекови, реагенси и медицински потрошен материјал – рече ревизорот.

Претставникот на ДЗР заклучи дека ваквата состојба имала директно влијание врз веродостојноста на финансиските извештаи на клиниката.

Претставникот се осврна и на разликите во евиденцијата за лекови.

– Во сметководствената евиденција постои разлика помеѓу месечни податоци за издадени лекови од аптека и примени лекови во организационите единици на клиниката. Неусогласеноста е резултат на тоа што дел од т.н. биолошка терапија е набавена на реверс, пред склучување на договор за јавна набавка и во моментот на прием и издавање на истата не е внесена цена во материјалната евиденција на клиниката – рече тој.

Во продолжение сведокот повтори дека планот за набавка на биолошка терапија не бил резултат на стручен колегиум, туку бил изготвен врз основа на историски податоци за потрошени количини на лекови.

– Во текот на 2021 година докторите одлучувале кои пациенти ќе примаат биолошка терапија, за што одобрение давал медицинскиот директор, без да се земе предвид дали клиниката располага со доволно количини лекови за покривање на потребите на сите пациенти на кои им била препишана терапијата – посочи сведокот.

Оваа состојба, како што појасни, создава ризик од субјективно и селективно определување на лекови за кои се одобрува условниот буџет што не е поткрепено со стручна анализа и предлози.

– Во клиниката не биле донесени медицински протоколи, упатства или насоки со кои ќе се воспостават правила и ќе се утврдат критериуми кои треба да ги исполнува пациентот за да прима биолошка терапија – нагласи тој.

Сведокот заклучи дека ваквите практики создаваат ризик биолошката терапија да не биде еднакво достапна за сите пациенти, што е спротивно на законските одредби.

Според извештајот, во 2021 година била набавувана биолошка терапија во период кога постапката за таква набавка, сѐ уште не била спроведена од Министерството за здравство.

– Имајќи предвид дека за поголемиот дел од биолошката терапија само еден економски оператор има ексклузивно право за нивна продажба, истата е набавувана на реверс, а фактурите се изготвени од клиниката по склучување на јавната набавка. Не навлегувајќи во потребата од континуирано и навремено обезбедување на биолошка терапија, констатираме дека воспоставениот начин на набавка влијае на почитување на начелото на конкуренција – рече тој.

Судењето продолжува со вкрстени прашања од одбраната.

Во случајот „Онкологија 2“, Васев и Нухи се обвинети дека во периодот од 2018 до 2022 година незаконски набавувале лекови, ги прикривале преку фиктивни тендери и присвојувале дел од терапијата, со што го оштетиле државниот буџет за речиси 36 милиони евра. Двајцата обвинети ја негираат вината и тврдат дека процесот е политички мотивиран.

Покрај овој предмет, во тек е и постапката „Онкологија 1“, во која Васев и уште двајца лекари се обвинети за несовесно лекување пациенти.

.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy