Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Бимилк организираше семинар со д-р Ранко Рајовиќ за негување на интелектуалните способности на децата
Економија

Бимилк организираше семинар со д-р Ранко Рајовиќ за негување на интелектуалните способности на децата

17/05/2024

AA

Воспитувачи, психолози, педагози, дефектолози како и
родители учеа од д-р Ранко Рајовиќ за техниките за негување на интелектуалните
способности на децата на еднодневниот семинар што го организира Бимилк по повод
одбележување на светскиот ден на семејството. Експертот за детски развој, д-р
Рајовиќ пред присутните на семинарот ги изнесе основите на системот за учење
NTC (Никола Тесла Центар) со којшто се интегрираат иновативни
детски активности и игри дизајнирани да го оптимизираат развојот на мозокот за
време на клучниот период од раѓање до околу десет години.

Д-р Ранко Рајовиќ го истакна значењето на играта како
внатрешен нагон на детето, клучен елемент на програмата NTC, која стимулира
сложени моторни активности, фини моторни вештини и когнитивен развој.
„Програмата 
NTC нуди целокупен пристап за негување на детскиот
потенцијал“, истакна д-р Ранко Рајовиќ. „Преку три фази на имплементација, кои
опфаќаат еволуциски поддржувачки активности, класификации на мислата и
дивергентно и конвергентно размислување, децата се вклучуваат во учење
засновано на игра што го подобрува и сензомоторниот и когнитивниот развој“.

Семинарот не само што ја олесни размената на знаење, туку
и ја нагласи важноста на колективните напори на една компанија во обликувањето
на посветла иднина.

За организаторот на настанот,
компанијата Бимилк ова е начин
да
се вложи во вработените, но и во воспитувачите и педагозите, за да создадат
средини кои го негуваат потенцијалот на новите генерации. Со
здружување на родителите и воспитувачите, БИМИЛК има за цел да негува мрежа за
поддршка посветена на целокупниот развој на децата, отворајќи го патот за
просперитетна заедница.

„На 15 мај,
Меѓународниот ден на семејството, ја славиме основната улога на семејството во
нашето општество. Одбележувањето на овој ден треба да ја подигне свеста за
значењето на вредностите кои се негуваат и развиваат во рамки на семејството и
како тие потоа се рефлектираат на општественото живеење. Прифаќајќи ги
иновативните пристапи во образованието, ние вложуваме во нашите вработени кои
се родители, но и во воспитувачите од заедницата, за да создадат средини кои го
негуваат потенцијалот на новите генерации. Со
здружување на родителите и воспитувачите, се надеваме дека ќе поттикнеме
соработка и споделување знаење за доброто на нашата заедница. Вработените за нас се семејство, најважната алка во
успехот на Бимилк“, изјави Полексена Јанкуловска, 
регионален маркетинг менаџер во БИМИЛК.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy