Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 БИЛИНГВАЛНИ ИЛИ БЕЗ ПОЗНАВАЊЕ НА ЈАЗИК: Агенциите регрутираат сезонци за летово
Економија

БИЛИНГВАЛНИ ИЛИ БЕЗ ПОЗНАВАЊЕ НА ЈАЗИК: Агенциите регрутираат сезонци за летово

08/02/2024

AA

Билингвални или
без познавање на странски јазик, агенциите почнаа да регрутираат сезонци за ова
лето за работа во Грција, Хрватска, Словенија.

Познавањето на
англискиот јазик е задолжително, а лицата со турски, италијански и германски
јазик се добредојдени. Ако знаат и грчки, уште подобро, стои во еден од огласите
објавени на интернет за работа во Грција. Се нудат работни позиции на островот
Кос во Грција, во Порторож во Словенија, Пула, Риека, Пазин, Сплит, Солин,
Шибеник и многу други места низ Хрватска. Агенциите бараат собарки, келнери,
готвачи, работници за во складишта, возачи, пица мајстори, продавачи,
градинари, хаус мајстори, салатери, масери и други профили.  Има голем избор на професии. Во дел од огласите е
наведено дека  освен плата има стимулација
во вид на бонуси. Бараат комуникативни и одговорни луѓе. За повеќето работни
места се бара работно искуство или искуство на некоја слична позиција.

 „Расте интересот за работа во
странство, најмногу за Хрватска. Имаат добри услови, нудат сместување, храна,
превоз, флексибилни се“, велат од скопска агенција.

Луѓето кои работат во овој сектор и се упатени во огласите за работа во
странство, велат дека Чешка ја имавме лани, како земја која бара работници од
Македонија, но сега доминираат државите од регионот.

„Србија поретко има огласи. Црна Гора знаете дека бара работници за во
хотелите, а Чешка бараше луѓе за работа во фабрики. Трошоците за живот се покачени,
инфлацијата доведе до таа ситуација и луѓето се пресметуваат.  Во Италија лани бараа медицински сестри.
Курири бараа за во Бугарија. Хрватска е најприфатлива за нашите работници. Луѓето
планираат барем 50 отсто од заработката да им остане, парите да ги донесат тука.
Секој гледа да заработи повеќе и да си донесе дома повеќе пари. Работодавачите
најчесто бараат помлади личности кои веќе работеле во матичната држава“, вели
наша соговорничка.

За Хрватска обично се нуди сместување
на трошок на работодавачот  и 2 оброка дневно. За работа
на островот Кос пак кај јужниот сосед е наведено дека платата е 1.400 евра плус бакшиш.  Во регионот секое лето се потребни илјадници
сезонци за да ги пополнат празните работни места. 

Сања Атанасовска

foto freepik.com

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy