Била на третман во Турција од 14.000 фунти: Ме искасапија, имам дупки на стомакот, немам гради
Сара Плат (33) од Јужен Велс, отпатувала во Турција за да го среди стомакот, да ги зголеми градите и да се затегне откако ослабела и имала опуштена кожа.
Таа била во искушение поради цената на постапката, која во Турција ја чинела една третина од она што би платила за истата услуга во Британија. Наместо да се опоравува под турското сонце, таа била оставена во валкана хотелска соба и по враќањето во Британија завршила со девет корективни операции, пишува Дејли мејл.
– Телото ми е осакатено, имам две дупки во стомакот, немам гради, имам грпка на грбот и сѐ ме боли. „Она што се случи таму ми го уништи животот“, рече Плат.
Според информациите од Британската асоцијација на естетски пластични хирурзи (BAAPS), бројот на луѓе кои бараат болничко лекување во Британија по естетски зафат во странство е зголемен за 94 отсто за последните три години. Оваа година било потребно да се лекуваат дури 124 лица.
– Основата на практиката на пластична хирургија е да се направи вистинската операција на вистинската личност во вистинско време. Причината зошто операциите се поскапи во Британија е затоа што имаме регулаторна рамка и контроли, рече претседателот на БААПС, Марк Пацифико.
