
Билјана Ивановска кандидат за градоначалничка на Центар поддржана од граѓански иницијативи
Платформата „Независни заедно“ денеска ја претстави Билјана Ивановска како независна кандидатка за градоначалничка на Општина Центар. Ивановска е позната борка за правда и долгогодишна антикорупционерка, а во јавноста важи за една од најреспектабилните личности во земјата.
Нејзината кандидатура ја поддржаа граѓанските иницијативи „Шанса за Центар“, „Зелените за Гази Баба“ и иницијативата „398“.
Официјалното претставување на кандидатурата ќе се одржи утре, четврток, 14 август 2025 година, со почеток во 09:30 часот, пред фонтаната Лотус на влезот во Градскиот парк во Скопје.
Организаторите ги поканија медиумите и граѓаните да присуствуваат и да го проследат настанот.