
БИХ АПСИ ПОРАНЕШНИ ФУНКЦИОНЕРИ: Уапсен претседател на Судот на Босна и Херцеговина и поранешен директор на агенцијата за разузнавање
Агенцијата за истрага и заштита (СИПА) на Босна и Херцеговина ги уапсила претседателот на Судот на Босна и Херцеговина, Ранко Дебевац и Осман Мехмедагиќ, поранешен директор на Агенцијата за разузнавање и безбедност, потврди Обвинителството на Босна и Херцеговина.
Тие се уапсени за кривично дело злоупотреба на положбата.
„По наредба на вршителот на должноста обвинител на Обвинителството на БиХ, полициски службеници на Државната агенција за истрага и заштита, во попладневните часови на Дебевец, претседател на Судот на Босна и Херцеговина и на Осман Мехмедагиќ, поранешен директор на Агенцијата за разузнавање и безбедност (ОСА-ОБА) на БиХ“, соопштија од државното обвинителство.
„Споменатите лица се осомничени за кривични дела злоупотреба на положбата, поврзани со други кривични дела од Кривичниот законик на Босна и Херцеговина. Во интерес на случајот, во овој момент не можеме да дадеме повеќе детали или информации“, се додава во соопштението потпишано од главниот државен обвинител Миланко Кајганиќ.
Дебевец е на чело на Судот на Босна и Херцеговина од 2016 година и сега е во вториот мандат на таа функција, а пред да биде именуван на функцијата судија бил обвинител во Обвинителството на Босна и Херцеговина и во кантоналното обвинителство во Сараево.
▪️ Agencija za istrage i zaštitu BiH uhapsila je predsjednika Suda BiH Ranka Debevca i Osmana Mehmedagića, bivšeg direktora Obavještajno-sigurnosne agencije, potvrdio je za RSE Nenad Nešić, ministar sigurnosti #BiH.
Više na: https://t.co/aNnDNeSnat
Foto: FENA pic.twitter.com/NJgURkayI2— Radio Slobodna Evropa (@RSE_Balkan) December 18, 2023
Дисциплинската комисија за судии на Високиот судски и обвинителски совет на Босна и Херцеговина, органот надлежен за именување и санкционирање на сите судии и обвинители, во август минатата година му изрече јавна опомена. Беше пријавено дека Дебевец „намерно давал лажни, погрешни или недоволни информации во врска со апликациите за работа, прашањата за унапредување и напредување во службата или какви било други прашања во надлежност на Советот“.
Пријавуван е и за „однесување во суд и надвор од судот“ на начин што го „повредува угледот на судската функција“. Станува збор за несоодветен контакт со лицето против кое се води постапка пред Судот на Босна и Херцеговина и за испраќање коментари со несоодветна содржина преку комуникација со тужителот во една постапка.
Поранешниот директор на Агенцијата за разузнавање и безбедност на Босна и Херцеговина, Осман Мехмедагиќ, беше разрешен во февруари годинава, по низа скандали, меѓу кои и начинот на кој се стекна со високо образование.
Tužilaštvo BiH potvrdilo hapšenje Ranka Debevca i Osmana Mehmedagića https://t.co/Rv3cGa5sGE #fena #fenaagency #agencijafena #SIPA #rankodebevac #osmanmehmedagic #tuzilastvobih
— Fena (@agencijafena) December 18, 2023
Тој беше ставен на „црната листа“ на Соединетите Американски Држави на 15 март, а Стејт департментот во извештајот за Мехмедагиќ наведе дека соработувал со криминални мрежи и ја злоупотребил својата јавна положба за да добие финансиска корист.
Фото: Принтскрин/Твитер