Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Бидна и тоа: Пелистер не загуби во ЛШ! (ФОТО)
Спорт

Бидна и тоа: Пелистер не загуби во ЛШ! (ФОТО)

09/10/2024

AA

Екипата на Пелистер во драматичен натпревар стигна до првиот бод во Лигата на шампионите и тоа против Спортинг Лисабон одигрувајќи 24-24 кој досега беше максимален во ракометната елита.

Одлично го започна македонскиот претставник натпреварот и со двата гола на Кузмановски поведе со 2-0, а со тоа како да го најави доброто издание се до завршницата од натпреварот.  Се вратија гостите брзо по почетното водство на Пелистер, меѓутоа потоа следуваше серија од 3-0 со која избраниците на Ангеловски поведоа со 5-2.

Спортинг се консолидираше во продолжение и на половина од првото полувреме изедначи на 7-7. Финишот од првото полувреме му припадна на Пелистер, па на пауза имаа водство од 15-13.

Не започна лошо Пелистер и во второто полувреме и во 41. минута ги имаше највисоките на натпреварот „плус четири“ (20-16).

Но, тука како да застанаа ракометарите на Пелистер, не помогна ниту Митревски кој имаше неколку добри интервенции, не функционираше нападот. Како ја одиграа завршницата од натпреварот најдобро зборува податокот што 11 минути од 17-тата до 29 минута не постигнаа гол. Во цело второ полувреме Пелистер постигна девет погодоци, а тоа на крајот сепак беше доволно да се избегне поразот.

Спортинг поведе и со три разлика, но Пелистер на крајот со серија од 3-0 успеа да извлече реми. Херој беше Атанасијевиќ кој постигна гол буквално во последните моменти.

Најефикасни на натпреварот беа Кузмановски и Пешевски по четири гола, а исто по толку на спротивната страна имаа Салвадор и Кошта.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy