
Безживотно тело на маж пронајдено во оранжерии во Охрид – бил пријавен за исчезнат
Безживотно тело на машко лице завчера било пронајдено на улицата „1 Македонска ударна бригада“ во Охрид.
Се работи за место на кое беа сместени оранжерии.
По преземени мерки било утврдено дека се работи за лицето З.Т.(57) од Охрид, за чие исчезнување полицијата била известена од страна на членовите на семејството на починатиот на 4 овој месец.
По наредба на јавен обвинител, врз телото денеска ќе биде извршена обдукција, за да се утврдат причините за настапувањето на смртта.
