
Без вода центарот за Охрид поради дефект
Голем дел од централното градско подрачје на Охрид од утрово е без вода за пиење поради дефект на водоводната мрежа, соопшти ЈП „Водовод“ Охрид.
Без водоснабдување се жителите на улиците „Кеј Македонија“, „Партизанска“ со сите споредни улички, „Славеј Планина“, делови од булеварот „Туристичка“, улицата „Јане Сандански“ и „Димитар Влахов“, како и долната зона од Стариот дел на градот.
Екипи на јавното претпријатие се на терен и работат на санација на дефектот, но од претпријатието предупредуваат дека поради тешката пристапност до местото каде што се наоѓа оштетувањето – под објекти и во густо изградено подрачје – отстранувањето на проблемот може да потрае.
Од „Водовод“ апелираат граѓаните да имаат трпение додека траат работите и најавуваат дека водоснабдувањето ќе биде нормализирано веднаш по завршување на санацијата.
