Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 БЕЗ ОБРАЗОВАНИЕ И БЕЗ РАБОТА: најголем број меѓу невработените се лицата кои не успеале да заврштат ниту основно
Економија

БЕЗ ОБРАЗОВАНИЕ И БЕЗ РАБОТА: најголем број меѓу невработените се лицата кои не успеале да заврштат ниту основно

30/07/2024

AA

Ново намалување
на невработените лица кои се пријавуваат во Агенцијата за вработување е
регистрирано за месец јуни. Според најновите податоци невработени се 101.510
граѓани, додека дополнителни 46.201 лица исто така бараат работа.

Според бројките
кои ги објави Агенцијата за вработување, во јуни бројот на невработени благо се
намалил, бидејќи во мај имало 102.523 невработени граѓани, и дополнителни
46.664 кои исто така бараат работа. Во споредба со првиот месец од годината
намалувањето е уште поголемо, бидејќи во јануари сме имале 105.803 невработени
граѓани, и уште 46.881 кои бараат работа.

Иако бројот на
лица кои се навработени и кои се во потрага по работа се намалува, сепак,
загрижува фактот што одредени лица со години се водат како невработени и тешко успеаваат
да најдат работа, но и податокот дека најголем дел од невработените се без
образование или со ниско образование.

Бројките
откриваат дека од вкупно 101.510 невработени дури 52.427 се жени. Притоа
најголем број од невработените се во категорија без образование или со основно
образование и тоа дури 60.863 од пријавените невработени лица.
Притоа од овие
60 илјади невработи, 32.990 се жени.

Следна голема
група се невработените со завршено средно образование. Тука како невработени се
пријавиле 24.639 лица
, а од нив 11.930 се жени.

Граѓани кои се
невработени и кои имаат непотполно средно образование се 8.440, а од нив 2.674
се невработени.

Со високо
образование се 6.337 лица
, од кои дури 4.131 се жени.

Зачудува податокот
дека како невработени имаме и доктори на науки и магистри.

Па така на листа
невработени лица се 551 магистар на науки, од кои 349 се жени.

Имаме и 20
доктори на науки кои се пријавени за невработени
, од кои 13 се жени.

Според
познавачите на оваа проблематика, кај лицата без образование има дополнителни
тешкотии да се вработат, токму поради фактот што тие се без образование
, и
голем дел од нив не се во можност да се дообразуваат, што ги прави тешки
кандидати и за дообуки со кои би им се пронашле нови струки
во кои може да
работат.

 Исто така факт кој загрижува се невработените лица кои долги години остануваат невработени. Од податоците кои ги објавува
Агенцијата се забележува дека има невработени граѓани кои се регистрирани дури
и над осум години. Најголем група на граѓани кои чекаат вработување се лицата
кои се пријавени од 5 до 7 години, но не е занемарлива ниту на невработените
кои се пријавени и чекаат вработување повеќе од осум години.

Агенцијата за
вработување има повеќе мерки со кои ги поддржува граѓаните да се вработат, или
да се самовработат. Во агенцијата секоја година пристигнуваат средства од
уплатите за социјални придонеси за осгурување на работниците кои ги уплатуваат
работодавците. Минатата година приливот достигнал 60 милиони евра, но од нив
високи 42 милини останале неискористени во Агенцијата. 

П.О.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy