Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Без новинарски прашања на камен темелникот на проектот Коридор 8 кај Тетово – Гостивар
Македонија

Без новинарски прашања на камен темелникот на проектот Коридор 8 кај Тетово – Гостивар

04/04/2023

AA

Од Владата во испратени е-маил до медиумите пишува дека на денешниот настан не се предвидени новинарски прашања.

Премиерот Димитар Ковачевски денеска ќе присуствува на настан по повод поставувањето камен-темелник на проектот Коридор 8, што ќе се одржи кај наплатната рампа на автопатот Тетово – Гостивар.

Како што соопшти владината Прес-служба, покрај Ковачевски, на настанот, меѓу другите, ќе присуствуваат и ќе се обратат и првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби, министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Ејуп Рустеми.

Делницата Тетово – Гостивар од Коридорот 8 ќе ја гради американско-турскиот конзорциум „Бехтел и Енка“, со кого Владата на 8 март годинава потпиша договор за изградба на четири автопатски делници во должина од 108,8 километри.

Изградбата на делницата Тетово-Гостивар во должина од 17,5 километри, според првичните пресметки, ќе чини 125 милиони евра.

Останатите три делници опфатени со договорот со „Бехтел и Енка, чија вредност е 1,3 милијарди евра, без средствата за експропријацијата и проектирање, се Гостивар – Букојчани, Требениште – Струга – Ќафасан и Прилеп – Битола.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

БУГАРИЈА ГО РАТИФИКУВАШЕ ДОГОВОРОТ ЗА ТУНЕЛОТ Исполнети се сите услови

13/02/2026
Македонија

Собранието во среда ќе ги разгледа оставките на Бислимовски и

13/02/2026
Македонија

ВОЗЕЛЕ И БЕЗ ДОЗВОЛА И СО ЗАБРАНА, НО И ПИЈАНИ

13/02/2026
Македонија

Заврши судскиот процес за четворицата турски државјани обвинети за помагање

13/02/2026
Македонија

Утре посебен режим на сообраќај во Скопје поради празникот Задушница

13/02/2026
Македонија

Судскиот процес „Онкологија“ продолжува: Вештаците тврдат дека скапи терапии биле

13/02/2026
Македонија

ЌЕ ГИ ИСКОРИСТИ ЛИ МАКЕДОНИЈА ПОЗИТИВНИТЕ ПРАКТИКИ НА ШВЕДСКА ВО

13/02/2026
Македонија

Бугарија го ратификуваше договорот за меѓуграничен железнички тунел на Коридор

13/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41429
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

БУГАРИЈА ГО РАТИФИКУВАШЕ ДОГОВОРОТ ЗА ТУНЕЛОТ Исполнети се сите услови за железничко поврзување помеѓу Скопје

13/02/2026

Народното Собрание на Република Бугарија денеска го ратификуваше Договорот помеѓу Македонија и Бугарија за изградба на меѓуграничен железнички тунел на

Собранието во среда ќе ги разгледа оставките на Бислимовски и Ристовска

13/02/2026

Собранието на Република Македонија, на својата пленарна седница закажана за среда, 18 февруари, се очекува да ги потврди оставките на претседателот

ВОЗЕЛЕ И БЕЗ ДОЗВОЛА И СО ЗАБРАНА, НО И ПИЈАНИ Приведени 10 возачи, полицијата им

13/02/2026

Полицијата во текот на вчерашниот ден приведе десет возачи на различни локации низ државата, поради сериозни прекршувања на сообраќајните правила.

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy