
Без дозвола од општината, си тргнале дел од оградата на поликлиниката Бит Пазар и си почнале со изградба на паркинг!
На 12.05.2023 на подрачје на Бит Пазар од полициски службеници се приведени Н.К.(44) и Ш.Д.(42), поради сомнение дека сториле кривични дела „узурпација“ и „бесправно градење“.
Според пријавеното, во 19.45 часот во близина на Поликлиника Бит Пазар тие тргнале дел од оградата на здравствената установа со намера да го узурпираат просторот и да изградат паркинг, за што немале добиено дозвола од Општина Чаир.
За случајот е известен Јавен обвинител и по негово целосно документирање ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.
