
Без да откријат каде, министерството за транспорт информираше дека започнала изградбата на коридорите 8 и 10Д
Министерството за транспорт и врски и Јавното претпријатие за државни патишта информираат дека од денеска започнува реализацијата на Договорот за изградба на Коридорите 8 и 10-д, притоа во испратеното соопштение до медиуми не се надевува од каде започнуваат активностите
Според договорот, од денеска започнуваат подготвителни работи, снимање на теренот, подоготовка на урбанистички проекти, основни проекти, со цел да се отпочнат и постапките за експропријација и проектирање.
Паралелно со ова започнува мобилизација на персонал за работа, подготовка на локации за поставување на кампови за градежната оператива, анализа на трасата и можни дислокации на подземни и надземни инсталации, подготовка на постапки за вршење на геотехнички истраги.
Изградбата на Коридорите 8 и 10-д е од стратешки интерес за државата. Со реализација на овој најголем инфраструктурен проект се заокружува коридорското автопатското поврзување на Република Северна Македонија со Европа и со регионот. Тоа значи полесно движење на стоки, услуги и капитал, но и најважно безбедно одвивање на сообраќајот.
