
Бест Веј Инвестмент: Немаме никаква намера да се вратиме во бизнисот со ЗК Пелагонија и Здравје Радово
Компанијата Бест Веј Инвестмент како целосно измислени и невистинити ги демантира наводите во
вашиот денешен текст “Мијалков сака да се врати во бизнисот со ЗК Пелагонија и Здравје Радово”.
Велат дека станува збор за паушални и погрешни претпоставки кои немаат никаква реална основа.
„Имено, Бест Веј нема никаква намера да се врати во бизнисот со ЗК Пелагонија и Здравје Радово,
како што наведувате во текстот.
Уделот во Софија градба е продаден уште во 2018 година, а постапката за спроведување во
Централен регистар е во тек. По нејзиното завршување новото сопствеништво ќе биде впишано во
регистарот.
Целосно неточни се и наводите за каква било соработка со Орка Холдинг. Бест Веј во моментов нема
никакви заеднички инвестиции со компанијата, ниту има намера за некакви односи со Орка
Холдинг“, велат од компанијата.

