![„Бесплатно ин витро, 5 илјади поголема пензија, враќање на мерката Купи куќа за млади“: Мицкоски ја претстави изборната програма](https://novina.mk/wp-content/uploads/2024/03/mickoski24032024-850x560.webp)
„Бесплатно ин витро, 5 илјади поголема пензија, враќање на мерката Купи куќа за млади“: Мицкоски ја претстави изборната програма
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на денешната презентација на програмата Платформа 1198 најави клучни проекти кои ќе ги реализира идната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ по победата на парламентарните избори.
-Првата клучна промена за која очекувам поддршка од сите политички партии е парламент со 90 пратеници.
-Следно кое што е многу важно, а тоа е она кое политичките партии го бараа тоа е Македонија како една изборна единица и очекувам дека сите парламентарни партии ќе се сложат и дека заеднички ќе ја направиме таа реформа со измена во изборниот законик Македонија да биде една изборна единица со што ќе се овозможи и непречено гласање на дијаспората.
-Многу важна реформа која што е потребна за трансформација за самата влада е и реорганизацијата на самите министерства и институциите. Планираме отворање на едно ново министерство а тоа е министерството за енергетика рударство и минерални суровини и цениме дека е премалку еден сектор во министерството за економија кое многу слабо ја вршеше работата. За младите е многу важно да планираме министерство за спорт и досегашната Агенција за млади и спорт да биде трансформирана во министерство за спорт, а секторот млади да го поврземе со едно ново министерство кое што ќе биде формирано, а ќе биде практично наследник на министерството за труд и социјална политика а тоа е министерството за социјална политика, демографија и млади, а делот од труд ќе биде поврзано со министерството за економија и труд .Она е кое е значајно за туризмот е да издвои да му се даде важност и да биде дел од министерството за култура. Исто така мораме да имаме поголема транспарентност, отчетност и мора граѓаните тоа што го очекуваат од администрацијата да имаат јасен увид каде се наоѓа и затоа ќе биде задолжено министерството за дигитална трансформација досега министерство за информатичко технологија и администрација.
-Тоа што најмногу интересира граѓаните е намалување на институциите и намалување на луѓето кои имаат и измислени улоги во рамките на тие институции, тоа е укинување на позицијата заменик директор.
-Исто така многу е важно да имаме намалување на управните и надзорни одбори туку и да го намалиме бројот на учесници во тие одбори со што ќе се намали бесполезното трошење на народни пари, а тие средства ќе може да ги искористиме за нешто што е подобро за граѓаните.
-Она кое што најмногу ги интересира граѓаните тоа е балансерот. Ова е исто така услов кој сака да биде во коалиција. Ние цениме дека е неправичен, фаворизиран, дискриминиран.
-Тоа што е исто така важно колку сме и со што располагаме и за да имаме јасна точна и прецизна слика колкаво е резидентното население, со кое образование е резидентното население и мораме да направиме вистински дигитален попис на населението и домаќинствата.
-Многу е важно судовите и обвинителството да ја повратиме довербата зошто сега речиси непостои и е еднакво на нула и наша цел и задача е овој систем да го обновиме од почеток, а за да го направиме тоа мораме да почнеме од вистинскиот проблем а тоа е судскиот совет и советот на јавни обвинители, безусловно распуштање на овие две структури, а понатаму формирање на истите врз основа на вистински критериуми, критериуми кои ќе значат заштита на правдата.
-Една од алатките која ќе биде примената е да ја провериме имотната состојба на сите обвинители и судии и да видиме како тие успеале со своите плати и плати да стекнат имоти за кои имаме индиции дека дел од нив поседуваат тие или нивните блиски семејства.
– Нема да се толерира злоупотреба на службени возила за приватни цели и за да бидат јасно препознатливи за граѓаните, ќе воведеме специјални регистарски таблици за службени возила.
– Мечирање (споредување) на бази на податоци за проверка на имот и спречување на корупција, со што ќе направиме проверка на имотниот статус ќе за сите граѓани и јас со моето семејство се пријавувам да бидам прв меѓу нив.
– 5.000 денари поголема пензија за сите пензионери во рок од една година од формирањето на новата влада.
– Вработување на лица со попреченост во јавните институции, за децата со попреченост ќе се продолжи грижата на асистентите и во средното образование и бесплатни спортски активности.
– Жената е центар на нашето внимание и затоа посебно внимание посветуваме во делот на формирање на десет центри за поддршка и згрижување на жените – жртви на насилство.
– Финансиска поддршка за мајките кои што се во работен однос најмалку една година за прво родено дете ќе добијат поврат на данокот на личен доход за една година, за второ дете ќе имаат поврат на данокот од две години, а за трето дете ќе има поврат на данокот секоја година се додека највозрасното дете не стане полнолетно.
– Ќе ја вратиме мерката Обезбедување дом за млади (Купи куќа за млади), со цел помагање на младите брачни парови и со тоа подобрување на состојбата на демографијата.