
Бесплатни се! Стигнаа налепниците „НМК“ за регистарските таблички
Oд денеска почнува постапката за дистрибуција на налепниците со ознака НМК до референтите за сообраќај во подрачните станици за технички преглед низ целата држава, од каде граѓаните ќе може да ги подигнат. Налепница треба да набават сите сопственици на возила чии регистарски ознаки немаат никаква ознака или ознака МК.
Без налепница со новото уставно име нема поминување на граница со возило. За три дена нема да може да се излезе од државава ниту со пасош без новото уставно име. Закажувањето за патна исправа е речиси невозможно. На телефоните не може да се добие оператор, а онлајн закажувањето не функционира.
Во полициската станица „Пролет“ за лични документи може да се сликаат само оние со закажан термин.