
Бесплатен превоз за скијање на Баба – Општина Битола организира линии за ученици и граѓани
Општина Битола и оваа зима за време на зимскиот распуст обезбеди бесплатен превоз до ски центрите на планината Баба, за учениците, но и за сите граѓани кои сакаат да уживаат во зимските спортови.
Според информациите од локалната самоуправа, утре, 8 јануари, и в петок, 9 јануари, граѓаните ќе можат да користат две автобуските линии. Линијата број 1 ќе превезува до ски центар „Нижо Поле“ со поаѓање во 8:00 часот од паркингот кај Спортската сала, додека линијата број 2 ќе сообраќа до хотелот „Молика“ со поаѓање во 8:00 часот од паркингот кај Новиот пазар.
Враќањето на двете линии од ски центрите е предвидено во 13:00 часот, соопштија од Општина Битола, нагласувајќи дека превозот е бесплатен за сите корисници.
