
БЕСПЛАТЕН ЈАВЕН ПРЕВОЗ ДУРИ И ЗА ТУРИСТИТЕ: Во оваа европска земја може да се возите во сите автобуси, возови и трамваи без никакви трошоци
Во Луксембург
луѓето можат бесплатно да ги возат сите автобуси, возови и трамваи. Превозот е
бесплатен од февруари 2020 година, а кампањата е започната за да се намали
штетното влијание врз животната средина.
Кога се планира
патување, треба внимателно да се пресметаат сите трошоци кои може да ве
снајдат.
Еден од оние
„скриени“ трошоци кои лесно се занемаруваат се трошоците за превоз. Без разлика
дали се работи за такси, автобус или воз, пристигнувањето од точката А до
точката Б може да чини многу ако истражувате нова дестинација, особено ако тоа
е град.
Големото
Војводство Луксембург е речиси најмалата земја во Европската Унија по големина,
но затоа е меѓу првите земји по БДП по жител во светот, особено поради бројните
банкарски центри и целокупниот финансиска сектор кој се наоѓа во оваа земја.
Оваа земја нуди бесплатен јавен превоз за сите, дури и за туристите.
Единствен
исклучок од правилото е патувањето во прва класа, кое може да чини многу. Сè
друго е бесплатно, а вработените во јавниот превоз не останале без работа, само
трошат помалку време за проверка на билетите.
ФОТО: Unsplash/Keo Oran
