Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Бесими се сретна со членовите на Фискалниот совет по конститутивната седница на ова ново независно тело
Македонија

Бесими се сретна со членовите на Фискалниот совет по конститутивната седница на ова ново независно тело

10/10/2023

AA

Фискалниот совет, односно независното тело кое ќе ги надгледува макроекономските и фискалните политики во земјава, станува оперативно. Воспоставувањето на Фискалниот совет е со цел зајакнување на системот, а е дел од поширока реформа за здрави и одржливи буџетски и макроекономски политики, посочи денеска министерот за финансии, Фатмир Бесими, кој се сретна со членовите на Советот, по одржувањето на конституитивната седница седница на која се утврдени принципите и насоките на делување и работа на ова тело и едногласно е избран за претседател проф. Глигор Бишев.

Формирањето на Фискалниот совет е предвидено со реформскиот Закон за буџети, а го сочинуваат независни членови предложени од Народната банка, МАНУ и Државниот завод за ревизија, кои ги избира Собранието на РС Македонија. Првиот состав на Фискалниот совет го сочинуваат: академик Абдулменаф Беџети, предложен од МАНУ, Марина Трпеска, редовна професорка на Економскиот факултет на УКИМ, предложена од Државниот завод за ревизија и Глигор Бишев, по предлог на Народната банка. На средбата во Министерството за финансии, присуствуваа и заменик-министерот за финансии Филип Николоски и државниот секретар во МФ Јелена Таст.

На средбата беше потребата од соработка и размена на материјали и информации, споделување документи, за операционализација и исполнување на улогата на телото. Во оваа насока наскоро ќе се одржи и состанок на кој во фокусот ќе биде подготовката на Буџетот за 2024 година.

„Фискалниот совет е дел од големата реформа во јавните финансии, каде независно тело ќе го надгледува спроведувањето на таргетите, оценува макроекономската поставеност и политиките кои се спроведуваат. Но, Фискалниот совет е важен сегмент од поставувањето на нов и подобар систем на јавните финансии, додека реформите предвидуваат и фискални правила, интегриран систем на јавни финансии, мерење на резултатите и голем број на други реформи кои ќе ја зацврстат структурата и ќе придонесат кон фискална одржливост.“, посочува министерот за финансии Бесими. и додаде дека улогата на Фискалниот совет е обезбедување сеопфатна оценка на фискалниот ризик, преку информации за можните закани по фискалната позиција на земјата и обезбедување интегриран пристап за управување со вакви ризици. Анализата на фискалниот ризик ќе придонесе кон подобро разбирање на позицијата на јавните финансии и на тој начин обезбедување поддршка за водење претпазливи фискални политики, како и зајакнување на отчетноста за управување со ризикот.

Фискалниот совет, согласно Законот, на независна, објективна и професионална основа ќе изработува анализи и мислења за макроекономските и фискалните претпоставки користени за изработка на Буџетот на државата и фискалната стратегија, Измената и дополнувањето на Буџетот на државата, Полугодишниот извештај за реализација на буџетот, Завршната сметка на Буџетот и друга документација поднесена пред Собранието на Република Северна Македонија или објавена согласно со овој закон и слично.

Реформите во јавните финансии имаат за цел подолгорочно и поквалитетно планирање на буџетските програми и буџетите, одржливост и континуитет во спроведувањето на политиките, поправичен модел гледано од аспект на приходите, расходите и начинот на финансирање и следење и мерење на резултатите. Реформите во јавните финансии се неопходни за забрзан економски раст и тие се потврдени во извештаите на меѓународните финансиски институции, а агенцијата „Фич“ во последниот извештај констатира дека Владата продолжува со подобрување во управувањето со јавните финансии и го истакнува формирањето на Фискалниот совет.

На средбата од двете страни беше истакната определбата за вложување на своите знаења и капацитети во насока на исполнување на оваа реформска агенда и остварување на повисоки стапки на раст и просперитет.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy