Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Бесими: Одлуката за одложување на еврообврзницата е во координација со банките и инвеститорите, нема доплолнителни трошоци
Економија

Бесими: Одлуката за одложување на еврообврзницата е во координација со банките и инвеститорите, нема доплолнителни трошоци

17/02/2023

AA

Следната аукција за деветтата еврообврзница на РС Македонија ќе биде на сума од 600 милиони евра. Инвеститорите кои претходно наддаваа за неа, се заинтересирани повторно да се пријават на аукцијата која ќе се реализира веднаш по изборот на новиот министер за правда. Постапката за повторување на аукцијата, од правен аспект е и во интерес на инвеститорите, додека тврдењата кои излегоа во јавноста дека ќе се плаќаат некакви пенали кон нив се невистините. Ова го посочи министерот за финансии, Фатмир Бесими, во интервју за првиот програм на националниот сервис МТВ.

Објаснувајќи го одлагањето на издавањето на еврообврзницата, министерот за финансии, посочи дека мислењето од министерот за правда не можело да се побара порано, бидејќи согласно процедурата од аукцијата на еврообврзницата до порамнувањето, односно издавањето на еврообврзницата, треба да изминат 5 работни дена. Тој наведе дека постојано биле во контакт со институциите, агентите и инвеститорите и од аспект на запазување на процедурата, најоптимална одлука е потворување на аукцијата. 

„Имаме одличен конзорциум на банки, кој веќе 20 години не поддржуваат на финансиските пазари. Бевме во комуникација со инвеститорите, тие беа информирани, информиравме и на платформата Блумберг и излеговме веднаш со соопштение за јавноста. Во ваква ситуација, најдобро за инвеститорите е повторно да се повтори аукцијата, отколку да се остави правен вакум дали важи тоа мислење или не. Доколку се издаде неважечки документ, тоа би било поголема штета и тоа инвеститорите го ценат“, вели Бесими.

Министерот посочува дека на претходната аукција главно се пријавени инвеститори кои и досега поседувале наши еврообврзници и се и понатаму заинтересирани за запишување на деветата еврообврзница, следствено очекува и следната аукција да биде успешна. За каматата истакна дека не би шпекулирал бидејќи тоа зависи од меѓународните пазари.

„Слушнав одредени коментари дека се тргувала еврообврзницата на секундарниот пазар. Тоа не е точно, бидејќи таа воопшто не била издадена, односно не ја поседувале инвеститорите за да ја тргуваат“, вели Бесими и ги побива гласините дека на инвеститорите треба да им се исплатат пенали.

Со средствата од еврообврзницата ќе се финансира евробврзицата од 2016 година, која доспева во јули, соодветно има доволно време за да се заврши процесот на издавање на еврообврзницата.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy