Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Бесими: Над 560 милиони евра од ЕИБ, ЕБОР и ЕУ за завршување на железничката пруга кон Бугарија и заеднички железнички премин на Табановце
Македонија

Бесими: Над 560 милиони евра од ЕИБ, ЕБОР и ЕУ за завршување на железничката пруга кон Бугарија и заеднички железнички премин на Табановце

12/12/2023

AA

Над 500 милиони евра се обезбедени за реализација на значајни крупни инфраструктурни проекти во железничката инфраструктура. Петстотини милиони евра обезбедени за реализација на третата фаза од железничката пруга на Коридорот 8 кон Република Бугарија и 7,5 милиони евра за изградба на заеднички железнички премин на Табановце. Средствата за реализација на овие проекти се обезбедени преку Европската инвестициска банка, Европската банка за обнова и развој, Инвестициската рамка за Западен Балкан – ВБИФ и од ИПА програма. Законските решенија за реализација на овие финансиски средства вчера беа усвоени во Собранието, а денеска беа тема на средбата на министерот за финансии Фатмир Бесими со претставниците на овие две финансиски институции во земјава Фатих Туркменоглу на ЕБОР и Габриел Бјорн на ЕИБ.

„Владата и Министерството за финансии силно се посветени на реализација на крупни инфраструктурни проекти кои ќе обезбедат развој на државата. Во таа насока посветено се работи на обезбедување финансиски средства за реализација на вакви крупни инфраструктурни проекти кои ќе имаат придонес во економскиот раст не само додека се одвива нивната реализација, туку и долгорочно преку нивното значење во поврзувањето и олеснувањето на транспортот. Затоа во последните неколку години во буџетите се проектираат високи износи на капитални инвестиции, кои годинава и следната се два пати повисоки во однос на 2020 година“, рече министерот Бесими.

Тој се заблагодари на ЕИБ и ЕБОР за обезбедените финансиски средства за реализација на овие големи капитални проекти за нашата земја и воедно за севкупната поддршка што ја обезбедуваат овие две меѓународни финансиски институции за земјава која заедно достигнува скоро 4 милијарди евра.

За реализација на Проектот за Железничкиот Коридор 8 – Фаза 3, делница од Крива Паланка до граница со Република Бугарија се обезбедени финансиски средства во износ од 175 милиони евра од ЕБОР и 175 милиони евра од ЕИБ. За реализација на овој проект се обезбедени и 149,2 милиони евра инвестициски грант од Инвестициската рамка за Западен Балкан – ВБИФ, како и грант од ИПА 2 во износ од 60,77 милиони евра. Со овој проект целосно ќе заврши изградбата на источниот дел од железничкиот Коридор 8 до границата со Република Бугарија.

Во однос на проектот за изградба на заеднички железнички премин на Табановце, со Република Србија, обезбедени се средства во износ од 5 милиони од ЕБОР и 2,5 милиони евра грант од ВБИФ.

Во наредниот период се очекува да се потпишат финансиските договори со ЕИБ и ЕБОР и ЕК за реализација на овие средства.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy