Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Бесими на средби во ММФ – Нашата определба е да одговориме на предизвиците и да обезбедиме одржливи стапки на економски раст
Македонија

Бесими на средби во ММФ – Нашата определба е да одговориме на предизвиците и да обезбедиме одржливи стапки на економски раст

13/04/2023

AA

Мерките и политиките што ги спроведува РС Македонија ја задржаа макроекономската стабилност, буџетскиот дефицит забележа намалување, јавниот долг е на одржливо ниво и во рамки на Мастришките критериуми, инфлацијата покажува тренд на намалување, економијата е отпорна и е во позитивна зона. Ова беше констатирано на средбите на министерот за финансии Фатмир Бесими со заменик-генералниот директор на ММФ, Бо Ли и директорот на ММФ за Европа, Алфред Камер, одржани во рамки на Пролетните средби на ММФ и Светска банка во Вашингтон.

„Неизвесноста и предизвиците од кризата се сѐ уште присутни во глобални рамки што се чувствуваат и во РС Македонија. Нашата определба е да одговориме на тие предизвици на краток рок и да опстоиме на нашите среднорочни определба за фискална консолидација и забрзување на економскиот раст. Мерките што ги преземаме за справување со ценовната криза веќе покажуваат ефект со намалување на стапката на инфлацијата пет месеци последователно од 19,8 % во октомври во март таа изнесуваше 14,7 %. Буџетскиот дефицит од почетокот на годинава е понизок за околу 16 % во однос на остварениот дефицит во тој период од 2022 година, јавниот долг е на ниво од 57,1 %, заклучно со декември 2022 година, државниот долг на крајот на февруари изнесува 44,9 % од БДП, вкупните приходи во буџетот од почетокот на годината бележат раст од околу 15 %, економската активност покажува отпорност и бележи раст, извозот бележи раст од 10,2 % во првите два месеца од 2023,стапката на невработеност се намали и е на историски најниско ниво од 14 %“, рече министерот Бесими.


Тој потенцира дека здравите и одржливи политики беа препознаени од ММФ минатата година со одобрување на средства од Инструментот за ликвидност и претпазливост – ПЛЛ. „Тоа е поддршка на политиките што ги спроведуваме за справување со кризата и да поставиме основа за натамошен долгорочен раст. Поддршка во време на криза кога финансиските средства на пазарите стануваат скапи и ограничени е сигнал до инвеститорите за здравост на политиките“, потенцира Бесими и додаде дека потврда за политиките беше и изразениот голем интерес од инвеститорите на аукцијата за 9-тата еврообврзница што беше издадена во текот на март 2023 година, потврдениот кредитен рејтинг од агенциите Фич и Стандард и Пурс, како и интересот за странски инвестиции во земјата, кои во минатата година достигнаа над 750 милиони евра, што е за над 60 % повеќе во споредба со 2021 година.

Исто така, на средбата беше напоменато дека позитивно влијание се очекува да има реализацијата на капиталните проекти за кои во Буџетот за 2023 година се проектирани 800 милиони евра, како и инвестициите во индустриските зони.


На средбата министерот се осврна на реформите што се имплементираат во делот на јавните финансии, новиот Закон за буџети и поддршката што може да се добие во тој реформски процес, преку кој ќе се воспостави нов модерен систем на буџетирање, заснован на транспарентност и отчетност и алоцирање на средствата каде што ќе даваат најдобри резултати.

Министерот Бесими во рамки на Пролетните средби на ММФ и СБ ќе оствари средба и со новата потпретседателка на Светска банка за регионот на Европа и Централна Азија, Антонела Басани и извршниот директор на СБ, Кун Давидсe.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy