
БЕШЕ НА ЛИСТАТА НА ИСЧЕЗНАТИ, НО СЕ ПОТВРДИ ДЕКА ЗАГИНАЛА: Млада Гркинка зад себе остави двегодишно дете
За жена по која се трагаше во Грција, сега е објавено дека е меѓу жртвите.
34-годишната Атина претходно беше прогласена за исчезната по железничката несреќа. таа е мајка на двегодишно момче, била на пат со сопругот Никос, кој од здобиените повреди се лекува во Универзитетската болница во Лариса.
Двојката се запознала во Катерини и од 2019 година стапиле во брак. Професионално работеле во неколку локали во градот. Атина беше сестра на фудбалерот на СФК Пиерикос, Василис Кацарас. Нејзиниот брат до раните попладневни часови барал информации за 34-годишната жена.
На железничарите кои протестираат по смртоносната несреќа, денес им се придружија и студентиte барајќи правда за загинатите. Sе собраа во центарот на Атина и вo dругите грчки градови – Лариса, Волос и Патра.
Загинаа над 57 луѓе при судир на два воза. Вработен во железници ја признал грешката.
Но, се појавија информации за шефот во железници дека е тазе вработен и дека поминал краток курс.
Има сведоштва во Грција дека на железничката станица пред несреќата имало журка.