Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 БЕСА бара уставни измени и за албанскиот јазик
Македонија

БЕСА бара уставни измени и за албанскиот јазик

31/03/2023

AA

Фатмир Сабриу од Беса денеска на прес конференција истакна дека се наоѓаме во историски и многу важен момент за иднината на државата, почитувајќи и промовирајќи ги сите вредности на вистинската демократија.

Тие сметаат дека е исклучително важен момент да се поправат историските грешки преку внатре-етничка и меѓуетничка кохезија, кои се направени преку неадекватна формулација во Уставот на Република Северна Македонија и да се изгради устав кој ќе биде главен извор на мирот, толеранцијата и демократските вредности.

„Затоа, Движењето БЕСА, врз основа на одредбите од член 130 од Уставот на Република Северна Македонија, преку ова барање предлага и бара од овластениот предлагач на уставните измени, односно Владата на Република Македонија, во текот на составувањето на нацрт верзијата на уставните измени која ќе биде испратена за расправа до Собранието на Република Северна Македонија за да се инкорпорира, покрај измената на уставната преамбула, и амандманите на V-тиот амандман на уставот на Република Македонија и тоа:

1. Амандманот V, точка 1, став 1 од Уставот да се формулира во оваа форма:

2. На целата територија на Република Северна Македонија и во меѓународните односи службен јазик е македонскиот јазик и неговото кирилско писмо и албанскиот јазик и неговото писмо.

3. Другите ставови од Амандманот V треба да се прилагодат според став 1.

Движењето Беса не е против вклучувањето на бугарската заедница во преамбулата на уставот на државата, но ние инсистираме да се смени амандманот V од уставот и албанскиот јазик да биде рамноправен со македонскиот јазик во Република Северна Македонија. .

Убедени сме дека преку корекција, појаснување и интервенциите во членовите предложени погоре, значително ќе се поправи Уставот на земјата. Значи, со овие интервенции не само што ќе се зајакне мултиетничкиот и социјалниот карактер на државата, туку истовремено ќе се овозможи ефикасно функционирање на државните институции, што е многу важно за земја членка на НАТО и на државата која има за цел да биде дел од ЕУ.“, велат од БЕСА.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy