
Берово со најмногу дожд – 12 литри на метар квадратен во последните 24 часа
Најмногу дожд во изминатото деноноќие наврна во Берово (12 литри на метар квадратен) и Виница (11 литри на метар квадратен).
Најмалку дожд имаше во западните делови, во Лазарополе.
НАВРНАТ ВОДЕН ТАЛОГ ВО ИЗМИНАТИТЕ 24 часа до 8 часот (во l/m 2 )
12 Берово, 11 Виница, 10 Попова Шапка, 9 Битола, Струмица, Кавадарци, 8 Гевгелија, Крушево, 7 Скопје-Петровец, Пожаране, Пожар, 6 Крива Паланка, 5 Демир Капија, 4 Маврово, Куманово, 3 Велес, 2 Тетово, Прилеп, Штип, 1 Претор, Лазарополе.
Времето денеска променливо облачно со повремени врнежи од дожд и слаб до умерен ветер. Попладне и во вечерните часови наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на краткотрајно невреме со пообилен пороен дожд и засилен ветер. Максималните температури ќе бидат во интервал од 11 до 18 степени.
Во Скопје повремен дожд и со слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 16.