
Бернардо Силва и Дани Олмо имаат про-Барса клаузули!
Барса се поврзуваше со Силва и Олмо, но не успеа да ги купи, во меѓувреме тие потпишаа нови договори со своите сегашни клубови.
Но и двајцата посакуваат трансфер во Барселона, па услов за потпишување на договорите со Манчестер Сити односно Лајпциг им било и да имаат посебна клаузула за каталонскиот клуб.
Португалецот следното лето ќе биде достапен за 50 милиони фунти, нешто под 60 милиони евра, додека пак слободата на Шпанецот следното лето ќе чини точно 60 милиони евра.
Останува да видиме дали Барселона ќе има пари и за едни вакви клаузули.
Барселона изминатово лето за ангажман на засилувања плати само 3,4 милиони евра, со оваа сума беше купен Ориол Ромеу. Илкај Гундоган и Ињиго Мартинез пристигнаа беспари, а Жоао Феликс и Жоао Кансело на позајмица.