Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Берлин во страв: На улиците има ѕвер
Македонија

Берлин во страв: На улиците има ѕвер

20/07/2023

AA

Граѓаните на Берлин се во опасност, соопшти локалната полиција.

Таа го предупреди населението да не излегува од куќата и да ги чува своите миленици во затворени простории, бидејќи „најверојатно“ лавица шета низ југозападните предградија на германската престолнина.

Полициската потрага по лавицата е во тек, во која учествуваат хеликоптер и противпожарната бригада, јавува телевизијата РББ. Во потрагата учествуваат и животни, ветеринари и ловџии.

Животното, за кое постои сомневање дека е побегната лавица, наводно било забележано денеска во регионот Потсдам во предградието на главниот град на Германија, соопшти полицијата, пренесе Дојче веле (ДВ).

Полицијата соопшти дека информации за појавата на ѕверот добила од сведоци кои го снимиле како напаѓа и убива дива свиња.

Портпаролката на полицијата претходно изјави за Шпигел дека бараат „голема мачка-грабливка“. Службите за итни случаи наводно веќе го виделе животното, но сè уште не успеале да го фатат.

Органите на прогонот наведуваат дека не е познато од каде дошло животното, бидејќи исчезнувањето на лавицата не е пријавено во зоолошки градини, циркуси и засолништа за животни.

Потрагата по лавицата е фокусирана на општината Клајнмахнов на јужната периферија на Берлин, која има околу 20.000 жители.

„Градинките се отворени, но децата не смеат да излезат во дворот. Градското собрание исто така ќе остане отворено. На трговците на пазарот им е препорачано да не поставуваат штандови. Речиси нема луѓе таму“, рече портпаролката.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Цената на нафтата порасна по мешаните сигнали за тензиите меѓу САД и Иран

27/06/2025

Американската сурова нафта WTI (West Texas Intermediate) денес поскапе за повеќе од еден процент, на близу 66 долари за барел,

Трагедија во Истанбул: 19-годишник ја застрелал својата 18-годишна бремена свршеница

27/06/2025

Деветнаесетгодишник ја застрелал и убил својата 18-годишна вереница, која била бремена пет месеци, во истанбулскиот кварт Саријер, а потоа избегал

Трамп најави потпишување на трговски договор меѓу САД и Кина

27/06/2025

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, изјави дека САД и Кина потпишале трговски договор, но не беа објавени детали

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy