
Бензема: Го видовте вистинскиот Реал Мадрид – сакаме нов пехар во ЛШ!
Бензема после големата победа во која неговите два гола во вториот дел ставија печат на победата, најави битка за нова шампионска круна на актуелниот европски првак.
„Одигравме со огромна самодоверба, иако знаевме дека нѐ чека пеколен вовед, но успеавме да дадеме голови и сега – сакаме нова титула. Одигравме меч каков што сакаме да играме, ама најважно каков што навивачите сакаат да гледаат. Тргнавме ужасно, знаевме дека навивачите на Ливерпул ќе ни направат притисок во воведните 15 минути, но потоа го видовте – вистинскиот Реал Мадрид!“, рече Бензема, додавајќи:
„Фудбалот на ова ниво е екстремно тежок, а Ливерпул почна многу подобро од нас, но ние имавме голем меч. Кога знаете дека овој меч е витален и кога сте во негатива од 0-2, сакаде многу повеќе, а знаете дека еден гол сѐ може да смени. И тоа се случи вечерва со головите на Вини. Благодарност и до нашите навивачи кои нѐ водеа и беа наш 12-ти играч. Ни требаат и на реваншот, одиме на ‘Бернабеу’ да одиграме нов извонреден меч’“.