
Белингем е ѕвер: Реал до победа во 95-та со нов гол на Англичанецот! (ВИДЕО)
Белингем погоди на одбиена топка за да донесе нова победа, само за да покаже каков вистински потег направија „кралевите“ што дадоа вкупни 135 милиони евра (30 милиони во бонуси) за да го земат од Борусија Дортмунд, а Англичанецот на почеток на сезонава почна буквално да го исплаќа секој вложен цент во него.
JUDE BELLINGHAM AGAIN AND AGAIN! pic.twitter.com/tYKPgYAU69
— TC (@totalcristiano) September 2, 2023
На отворањето на „новиот Сантјаго Бернабеу“, Реал по 11 минути се најде во негатива откако Борха Мајорал погоди во мрежата на „кралевите“, а Хоселу на стартот на вториот дел израмни и кога мечот дојде пред последен судиски свиреж, побрз од него, беше Белингем за да погоди и да донесе триумф.