Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 БЕЛГРАДСКИ МЕДИУМИ ЖЕСТОКО ГО НАПАДНАА ШЕФОТ НА МАКЕДОНСКАТА ДИПЛОМАТИЈА Најдолни навреди за Муцунски поради неговата поддршка на апсењето на Мадуро
Македонија

БЕЛГРАДСКИ МЕДИУМИ ЖЕСТОКО ГО НАПАДНАА ШЕФОТ НА МАКЕДОНСКАТА ДИПЛОМАТИЈА Најдолни навреди за Муцунски поради неговата поддршка на апсењето на Мадуро

03/01/2026

AA

Пропагандистички медиуми блиски до власта во Белград, поврзани со Александар Вучиќ, денеска ја насочија својата пропагандна машинерија кон Македонија и кон македонскиот министер за надворешни работи Тимчо Муцунски.

Повод за нападите е јавна објава на Муцунски, во која тој изрази поддршка за одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп во однос на приведувањето на венецуелскиот лидер Николас Мадуро, како и пофалби за улогата на американскиот државен секретар Марко Рубио во, како што наведе, борбата против нарко-криминалните мрежи поврзани со режимот во Каракас.

Во својата објава, Муцунски порача дека одговорноста е клучна и дека Македонија стои на страната на САД и на венецуелскиот народ во борбата за слобода и демократија.

Белградските медиуми во своите текстови изнесуваат критики дека ваквиот став на македонскиот министер претставува, како што наведуваат, „слепа послушност“ кон Вашингтон и Брисел, притоа обвинувајќи го за игнорирање на прашањата за државен суверенитет и меѓународното право.

Во написите се тврди дека Македонија безрезервно ги следи политиките на западните центри на моќ и дека во конкретниот случај американската интервенција се третира како легитимна, и покрај, според нив, спорниот начин на нејзино спроведување.

Во написите не се штедат зборови на најдолни навреди. Така, белградскиот портал Информер македонскиот министер за надворешни работи во насловот го нарекува “северномакедонски бедник”, а Македонија “банана држава”.

Овој вокабулар потсетува на речникот со кој некои македонски политички структури го коментираат ставот на македонската дипломатија, во соопштенија и објави на социјалните мрежи.

.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

04/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

04/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy