
Белграѓанец ги одра обложувачниците за 700.000 евра – невидени драми му донеле богатство
Обложувачот може слободно да влезе во рубриката „среќлија на векот“ зашто тоа што сѐ погодил е за анали, а дури пет меча кои ги одиграл, екипите на кои се обложил направиле епски пресврти, а четири од нив со голови длабоко во судиското надополнување.
Ференцварош од 0-2 победи со 6-2, Еспањол губеше од Аморебиета со 0-2 и победи со 3-2, Торино со гол на Немања Радоњиќ во 95-та минута го победи Торино, а најголемите драми беа во Белград и Осиек. Партизан против ИМТ имаше 0-2 за да ја зврти со 3-2 во 85-та минута, а Динамо Загреб губеше со 0-2 до 70-та минута и на крајот победија со пенал во 99-та минута.
Обложувачот одиграл еден тикет со 17 парови на кои фатил 28 милиони динари, па истиот тикет го направил и системски со додавање на уште шест меча, кои сите ги погодил за уште 50 милиони динари, а третиот тикет му донел 4,4 милиони динари зашто првичниот го скратил на 14 парови.
